мини|303x303пкс|Ресторанот „Мус Лоџ“ мини|317x317пкс|Кукувија во паркот за диви животни Линебург Хит Паркот за диви животни „Линебуршко Поле“ () — парк во кои живеат диви животни во близина на Ниндорф во општината Ханштет во северниот германски дел, Долна Саксонија. Во паркот живеат околу 1.000 животни од над 120 видови на површина од 61 хектари. Паркот е отворен во текот на целата година.

Атрактивности Паркот специјализира за животни од северната хемисфера, како што се сивиот волк, белиот волк, кафеавата мечка, мечката кодијак, рисот, јазовецот, ласицата, обичниот елен, ирвасот, лосот, дамчестиот елен, козорогот, дивокозата и дивата свиња.

Сибирски тигри

Два сибирски тигри, Алекс и Роња, живеат во оградена површина од 3.400 квадратни метри, изложба што се отворила во јуни во 2010 година. Изложбата вклучува карпест изданок на кој тигрите можат да се искачуваат и езерца во кои можат да пливаат. Посетителите можат да ги гледаат тигрите низ 26 метри безбедносна ограда што вклучува делови од непробојно стакло за подобар преглед.

Зоолошка градина за милување

Зоолошката градина за милување вклучува кози и елени, а децата од сите возрасти можат да ги галат и хранат животните.

Заштита Паркот учествува во меѓународни програми за зачувување на дивиот свет за: видри, црвенокрунести жерави, белоопашести орли, снежни леопарди, мускокси, бизон и европски бизон.

Образование Од април до октомври, паркот има едукативни презентации, вклучувајќи ја „Животното е мој пријател“, која ја истакнува способноста на грабливците птици и другите животни, „Ловци на воздухот“, во која соколарите ја покажуваат брзината и агилноста на орлите, соколите и мршојадците во воздухот, и „Фасцинантен волк“, предавање за предците на нашите припитомени кучиња во волчјиот кафез и хранењето на видрите.

Во паркот Линебуршко Поле била снимена документарната серија за диви животни „Меко крзно, остри канџи“, продуцирано од германската телевизиска куќа НДР.

Литература

Екард Гем: Schneeleopard (Uncia uncia). Geist der Berge. Издавачка куќа Wildpark Lüneburger Heide, Hanstedt-Nindorf 1. издание од 2002 година. ISBN 3-00-009603-5 (германски/англиски) Wildpark Lüneburger Heide (Hrsg.): Wildparkführer. Водич за паркот на дивиот свет. 40 Jahre Wildpark. Zooführer. Nindorf oJ (2010/2011). (германски)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Географија на Долна Саксонија Категорија:Зоолошки градини во Германија Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците