мини|291x291пкс|Извештај од Велешкиот околиски одбор за велешките гимназијалци. По Втората светска војна и сѐ до крајот на Периодот на Инфорбирото Југословенската власт вршела терор врз Велешаните кои се противставиле со новите одлуки на комунистичкиот режим. За време на теророт македонски националисти, србофили, бугарофили и претставници на албанскиот национализам биле интернирани, уапсани, стрелани и чувани под надзор. Во 10 ноември 1944 година, после Битката за Велес, нова комунистичка власт била основана под раководство на Дончо Мирчев. Во јануари 1945 година почнале репресиите со велешкиот масакр. Голем дел од жртвите биле поранешни соработници на бугаскиот фашистички режим. Во истата година се појавиле протести во Богомила, Долно Каласлари од турското малцинство и Иванковци од муслиманското население.
Меѓу 1946 и 1948 година различни групи и организации никнале низ самиот град, овие групи биле верни кон старата идеалогија на МРО — независна обединета македонска држава. Нивните ставови биле противречни со тогашните југословенски гледишта и поради тоа биле укинати. Во југословенски досија тие биле обележани како „ВМ“ организации или „ванчомихајловисти“. Во 1946 година почнале судските процеси против велешките гимназијалци каде што националистички ученици биле прогонети во Идризово. Некои пак успеале да ги избегнат обвините.
Во 1948 година почнало Периодот на Информбирото каде што се влошиле односите меѓу Југославија и СССР. Подржувачи на Резолуцијата на Информбирото биле уапсани, осудени и прогонети во Голи Оток. Сѐ вкупно 95 жители од Велес и Велешко биле прогонети во островот. Различни значајни Велешани страдале под новите одлуки како Панко Брашнаров, Бане Андреев и Дончо Мирчев. Други биле сместени под надзор. Во 1955 година со Белградската спогодба меѓу Тито и Хрушчов Периодот на Инфорбирото завршил, заедно со велешките репресии.
Покрај тоа, југословенската власт продолжила да ги чува противници под надзор. Во еден извештај од околискиот одбор во 1963 година 160 биле под надзор како „лица кои сѐ уште тешко се корегираат“. Некои од жртвите се преселиле надвор од државата или градот. Велешани кои страдале од теророт биле прогласени како државни непријатели. После распадот на Југославија и независноста на Македонија, некои од жртвите биле рехабилитирани во Македонската историографија и повторно проучени.
Вовед мини|293x293пкс|Говор на Панко Брашнаров после Ослободувањето на Велес. На 2 август 1944 година било оддржано Првото заседание на АСНОМ, во седницата присуствувале делегати од Вардарска, Егејска и Пиринска Македонија. Во тоа време Македонија страдала под сурова фашистичка окупација од Царството Бугарија и Третиот Рајх. Основните темели на нова македонска држава биле прогласени во манастирот Св. Прохор Пчински, денес под склоп на Србија. Новата македонска држава била еден од шестте држави во новата Федеративна Народна Република Југославија. Во септември 1944 година се зајакнила Народноослободителната војна поради повлекувањето на Бугарската војска од Вардарска Македонија под наредба од Татковинскиот фронт.
Со наредби од Главниот штаб на Народноослободителната војска и партизанските одреди на Македонија се зголемиле активностите во велешкиот крај. Истовремено се основала Осмата македонска ударна бригада, значајна воена единица во ослободувањето на градот. Во првата половина на ноември Третиот Рајх, кои се повлекле од Егејска Македонија и Тесалија, се сместиле во Велес и Скопје. Поради тоа Михајло Апостолски и останатите единици во Народноослободителната војска организирале план да го ослободат градот. Во 9 ноември тој се остварил со Битката за ослободувањето на Велес. На 10 ноември, се основала првата повоена власт на денешна Општина Велес која била со следниот состав: +Состав на Велешкиот народноослободителен одбор на 10 ноември 1944ИмеФункцијаДончо МирчевПретседателБлагој ВасковСекретарСокол ТаневскиОдговорен за општинските финансииОрце ВиларОдговорен за општинската трговија, индустрија и исхранаФилимон ДоцкинОдговорен со управувањеТоде БоцевОдговорен за социјални грижи и здраствоЈовче Поп СтефановОдговорен за општинското образование и училишна програма
Хронолошки настани мини|408x408пкс|Посмртна пресуда против соработниците на бугарскиот фашистички режим.
Велешки масакр Во втората половина на октомври и сѐ до почетокот на декември 1944 година се развиле Завршните операции за ослободувањето на Вардарска Македонија. После ослободувањето на Скопје се организирало Второто заседание на АСНОМ. За време на седницата биле поставени темелите на македонскиот правосуден систем со Законот за заштита на македонската национална чест. Истовремено се основало комисија против внатрешните непријатели, отпрвин под раководство на Методија Андонов Ченто. На 10 јануари 1945 година, без негово сознание, раководство било префрлено кон Лазар Колишевски со поттик од Едвард Кардељ. Колишевски не бил задоволен со досегашните членови и наведил дека „пронашле малку лица“. Поради тоа нов состав бил предложен и усвоен.
Во јануари 1945 година биле организирани судски процеси во Штип, Скопје, Прилеп и Велес против внатрешните непријатели. Во Бугарската историографија тие го добиле прекарот „Крвава коледа“. Ноќта меѓу 15 и 16 јануари, под наредба од ОЗНА, стражари ги повлекле затворениците од градскиот затвор во периферијата, денес меѓу атарот на селата Летевци, Рудник и Ветерско. Затворениците ги префрлиле со камионот на Хаџи Тонев, кој исто така носел со него токмак. Отпрвин било предложено да ги стрелат, но не можеле поради тоа што околиските селани би ги откриле. Поради тоа со токмаците на Хаџи Тонев ги скршиле черепите на затворениците. Сѐ вкупно загинале 52 затвореници. Посмртно биле осудени на 6 февруари 1945 година од велешкото подрачје на народниот воен суд. Подоцна во истиот месец нивните имоти биле одземени.
Голем дел од убиените затвореници биле бугарофили, предавници на македонското национално движење кои претежно служеле како шпиони или борци во Велешката контрачета. Сепак некои од жртвите се делумно рехабилитирани, според некои истражувања Богдан Поп Ѓорчев, еден од жртвите, ја поддржувал Народноослободителната војна и им помогал на Македонските партизани. Но поради неговите промакедонски ставови бил ликвидиран од Југословенската власт. Покрај нивното предавство тие нехумано биле убиени без судење. Во еден извештај издаден од ЦК на КПМ тие признале дека нивно едиствено испишание било дека не го искористиле за политички добивки.
Според извештајот на велешкото подрачје на народниот воен суд, следните лица биле ликвидирани: +Жртви во Велешкиот масакр№Име и презимеДатум на раѓањеМесто на раѓањеЗабелешка1Богдан Поп Ѓорчев25 мај 1904ВелесЕден од основачите на ММТРО.2Благој Ѓорчев1912ВелесСоработувал со бугарските фашисти.3Ѓорѓи Црвенов1903ВелесПознат по псевдонимот Војводата, предавник на Мирче Ацев и Страшо Пинџур.4Лазар Крепиев1884ВелесЗначаен градски трговец, претседател на велешкиот оддел на БЦАК.5Димко Нацев1885ВелесПоранешен деец на ВМРО (Обединета).6Раде Радевн/пУправител на Свети Николе за време на окупацијата.7Левко Симеоновн/пСоработник на Радев, малтретирал поддржувачи на НОВ.8Цветко Мутавчиевн/пВраца, БугаријаСтрански шпион и полициски агент.9Мијалчо Димитровн/пКочаниПолициски агент и соработник.10Петар Торопанов1894ВелесВо 9 ноември 1943 година се приклучил во Велешката контрачета.11Ратко Торопановн/пСин на Петар. Дејствувал заедно со неговиот татко.12Петре Дрндаров1892ВелесТаен полициски агент во служба на тогашната фашистичка власт.13Асен Варналиев1910ВелесНеговата куќа била употребена за средби меѓу бугарските генерали.14Ганчо Вишинн/пБашино СелоДел од ФК „Балкан“ во 1930-тите со Сокол Таневски.15Панче Караколев1905ВелесВоденичар, таен агент кој шпионирал на ПО „Димитар Влахов“.16Мирко Божиновн/пСоставил список со имиња на борци од НОБ.17Тодор Порецов1882ВелесНеговиот помал брат станал евангелист во Софија.18Тасе Костадиновн/пДел од Велешката контрачета.19Дачо Игевн/пУбил татко и син во село Горно Врановци, контрачетник.20Камче Ацевн/пКрвав убиец и контрачетник, учесник во масакарот во Долно Јаболчиште.21Георги Унев1904ВелесДел од Велешката контрачета.22Тодор Јордановн/пПредавник и убиец.23Ангел Здравковн/пПредавник на Благој Ѓорев.24Александар Костадиновн/пКонтрачетник, учесник во Бабунската акција.25Али Асановн/пКовач, агент и предавник.26Јордан Несторовн/пПредавник и фашист, го предадол Киро Попадичето и Депа Депинова.27Стефан Филипов1912ВелесГи предадол последните борци на ПО „Димитар Влахов“, почнувајќи ја Битката кај Речани.28Јован Лажпетковн/пУчесник во блокадата против партизаните во Битката кај Речани.29Гано Гиновн/пОрганизатор и борец во контрачетата.30Тодор Мирчевн/пКрајнициГи предадол борците во Војница, почнувајќи ја Битката кај Војничка Пештера.31Владо Темелков15 април 1914ЕловецКонтрачетник, малтерирал симпазитери на НОВ.32Сејфедин Фајазит н/пСоработник со бугарските фашисти, го предадол Ќамуран Тахир.33Димко Крепиев1882ВелесЧлен на велешкиот оддел на БЦАК.34Герасим Ивановн/пОрганизатор на велешката контрачета.35Ристо Мајсторовн/пПоранешен полицаец во Отоманското Царство кои соработувал со фашистите.36Пано Манев25 март 1894ВетерскоЗначаен фашист во Велешко, главен на Велешката контрачета.37Диме Сребров1881ВелесПоранешен деец на МРО и ВМРО (Автономистичка), заменик водач на контрачетата.38Георги Петровн/пДел од контрачетата, предадол повеќе од 44 личности (повеќето од нив биле мажи).39Лазар Арсов1891С'лпДел од велешката контрачета.40Димитар Манасевн/пДел од велешката контрачета. Предавник на партизаните од ПО „Димитар Влахов“.41Петар Тончов1901ВелесБорец во велешката контрачета од 1943 г.42Петар Костовн/пДел од контрачетата, отстранет поради неговиот терор врз селани и пијаница.43Дачо Трајчевн/пУбил селани од село Горно Врановци и вршел терор врз селаните во Велешко.44Иван Теов21 јули 1889ГолозинциДел од контрачетата, учесник во Битката кај Речани.45Атанас Иванов21 јануари 1891ВелесЕден од првите членови на Велешката контрачета.46Ангел Бадниковн/пУбиецот на Тодор Јанев и го повредил Љубе Зафиров.47Јордан Бошков1914н/пПолицаец и предавник, учесник во Февруарскиот поход.48Славе Ивановскин/пУчесник во Битката кај Војничка Пештера, личен убиец на Нада Бутникошарева.49Илија Николовн/пРаковецМеѓу најуспешните агенти во Велешко за време на Народноослободителната борба.50Милан Костовн/пПоранешен полицаец во Кралството Југославија кој соработувал со фашистите.51Илија Темелковн/пНегорциУбил Англичанец во Габровник.52Стојан Ангеловн/пГолозинциСоработувал со контрачетата и извршил убиства во Теово.
Отпор против новосоздадената македонска држава Новата македонска држава по идеологија била комунистичка. Поради тоа во првите повоени години се извршило национализација и колективизација меѓу селаните. Првите позајмени имоти биле најавени на 3 мај 1945 година од Комунистичката партија на Македонија. Во тоа спаѓало рудници со германско инвестирање за време на Втората светска војна и сите електрични централи, далноводи и дистрибутивни мрежи кои служеле за општа употреба. Истовремено биле воведени аграрни реформи во Македонија меѓу 1945 и 1948 година. Велешките селани, како најбројните учесници во Народноослободителната борба во Велес и Велешко не биле задоволени со решенијата на АВНОЈ, употребувајќи ја паролата „земјата припаѓа на оној кој ја обработува“. Сепак во јануари 1946 година аграрната комисија во Велес почнала да дејствува во велешкиот крај. Со реформите младата македонска држава имала политичка дилема — малоимотните и сиромашните селани вршеле притисок на комитетот да ги спроведе реформите колку можно побрзо додека на друга страна тие со повеќе имот сакале да бидат поштедени. Во зимата меѓу 1945-46 година поимотни селани од Градско, Рудник, Бусилци и Мамутчево организирале протести, некои биле уапсани и пратени во Идризово.