Појанг () — езеро во источна Кина, кое лежи на реката Јангцекјанг во провинцијата Ѓангси, околу 250 км југоисточно од градот Вухан. Се создало на влажна тревна рамнина на сливот на пет реки и на север се влева во реката Јангцекјанг преку краток теснец помеѓу градовите Хукоу и Дучанг. Има големо хидролошко значење како регулатор на протокот на реката Јангце за време на дождовната сезона. За време на големот проток водата од реката Јангце се влева во Појанг, што ги ублажува екстремите и ги ограничува поплавите низводно од устието. Се проценува дека има капацитет од една петтина од годишниот проток на реката. Затоа површината и нивото на водата на Појанг значително флуктуираат на годишна основа, обично покривајќи околу 3.500 км² и е најголемото слатководно езеро во земјата. лево|мини|Рибари на езеро Појанг Поради изградбата на браната „Три клисури“ и регулациско езеро спротиводно од устието, забележлива е дренажата на оваат подрачје. Во исто време, притоките го полнат базенот на езерото со големи количини тиња, која редовно ја отстрануваат за да ги одржуват водните патишта пловни. За време на особено сушниот период во зимата 2012 година, Појанг речиси целосно пресушил, покривајќи тогаш само околу 200 км², што го направило практично невозможен за риболов и воден превоз.
Езерото е познато и како место за презимување на птиците преселници од огромниот број на птици кои живеат во мочуриштето. Вкупно на подрачјето на езерото се регистрирани повеќе од 300 видови на птици, а особено е важно за сибирските жерави - речиси целата преостаната популација на овој исклучително загрозен вид презимува тука. Подрачје од 224 км² во северозападниот дел на езерото е заштитено како резерват на природата, кој исто така е прогласен и за мочуриште од меѓународно значење според Рамсарската конвенција. The Introduction of Jiangxi Poyang Lake National Nature Reserve, Global Nature Fund
Во текот на зимата езерото станува дом на многу мигрирачки сибирски жерави, од кои до 90% презимуваат таму.
Формирање лево|мини|Картата која го вклучува езерото Појанг (означено како Појанг Ху) ( АМС, 1952). Езерото Појанг историски исто така се нарекувало езеро Пенгли (), иако тоа не е исто. Пред династијата Хан, Јангце следелa посеверен тек низ денешното езеро Лунган, додека мочуриштето Пенгли го формирал долниот тек на реката Ган. page 26 水产品基地:{...} 龙感湖。pdf also at https://commons.wikimedia.org/wiki/File:长江中游城市群发展规划.pdf Подрачјето кое сега е езеро Појанг било рамнина по должината на реката Ган. Околу 400 година од н.е., реката Јангце преминала на појужен тек, предизвикувајќи реката Ган да се повлече и да го формира езерото Појанг. Со поддршка на реката Ган се потопени окрузите Појанг и Хајхуен, принудувајќи масовна миграција во градот Вученг во денешниот округ Јунгсју. Така, Вученг станал една од поголемите антички општини во провинцијата Ѓангси. Оваа миграција ја создала фразата „Потопувањето на округот Хајхун довело до создавање на градот Вученг“.
Езерото Појанг достигнало најголема големина за време на династијата Танг, кога неговата површина достигнала 6000 км2.
Еколошки проблеми мини|250x250пкс|Карта на средниот и низводниот тек на реката Јангце, локација на браната на езерото Појанг
Губење на дивите животни Забраната за риболов е во сила од 2002 година. Во јануари 2020 година Кина вовела 10-годишен мораториум за риболов на 332 локации по должината на реката Јангце, вклучувајќи го и езерото Појанг, за да го заштити водниот биодиверзитет.
Во 2007 година била изразена загриженост дека кинеската морска свиња, локално позната како џиангжу („речна свиња“), која е по потекло од езерото заедно со други водни како што е езерото Донгтинг, би можела да го следи баиџи, делфинот на реката Јангце, до изумирање. Биле упатувани повици за преземање на акции за спасување на плискавицата, од кои останале околу 1.400, од кои помеѓу 700 и 900 се во Јангце, а уште околу 500 во езерата Појанг и Донгтинг. Нивото на популацијата во 2007 година е помало од половина од нивото од 1997 година, а големината на популацијата опаѓа со стапка од 7,3 проценти годишно.
Ископување на песок станало главна потпора на локалниот економски развој во последни неколку години важен извор на приходи во регионот кој се граничи со езерото Појанг. Но, во исто време, проектите за длабинско ископување со висока густина биле главна причина за помор на локалната популација на диви животни. Длабинското ископување ја прави водата во езерото поматна, а морските свињи не можат да гледаат толку добро како што можеле порано и мораат да се потпрат на своите високо развиени сонарни системи за да ги избегнат пречките и да бараат храна. Големите бродови влегуваат и излегуваат од езерото со стапка од два во минута, и така големата густина на пловидбата значи дека морските свињи тешко можат да ја слушнат храната, а исто така не можат слободно да пливаат од едниот до другиот брег.Kejia Z. (2007). Poyang Lake saving the finless porpoise . Chinadialogue.net. Retrieved on 28 September 2017
Понатаму, се очекува изградбата на брана на езерото Појанг да предизвика катастрофални ефекти врз преостанатите морски свињи.
Собирање Поради браната „Три клисури“ спотивордно на реката Јангце, езерото Појанг може сезонски да се намалува и да пресуши.
Во 2012 година, езерото речиси потполно пресушило. Површина од 200 км2 земјиште било под вода во октомври, додека езерото нормално покрива површина од 3500 км2 кога било полно. Покрај браната Три клисури, која мора да складира вода во својот резервоар за да биде употреблива во зима, за намалување на нивото на езерото се сметало дека е крива и сушата.
Локалната влада на Џијангси предложила со изградба на брана на езерото Појанг за да се одржи нивото на водата во езерото, со изградба на брана преку врската помеѓу езерото и реката Јангце. Се очекува проценка на влијанието врз животната средина. Научниците, како и еколошките групи како што е Светскиот фонд за природа, го критикувале предлогот, тврдејќи дека вештачкото инженерство на нивото на водата во езерото негативно ќе влијае на разновидноста на дивите жоивотни.
Во историјата Тука во 1363 година се одиграла Битката кај езерото Појанг.. За таа битка се вели дека била една од најголемите поморски битки во историјата. Галерија
Наводи
Категорија:Езера во Кина