Абатеско () — француска крајбрежна река која тече низ департманот Горна Корзика и се влева во Тиренското Море.
Географија Водотекот на реката е долг 24,8 километри.
Абатеско извира 200 метри јужно од врвот Монте Формикола, кој е 1981 метри висок, на надморска височина од 1700 метри во комуната Сан-Гавино-ди-Фиуморбо.
Изворот е многу блиску до познатата планинарска патека GR20. Горниот дел се нарекува поток Таси. Го добива името Абатеско само околу 3 километри од неговиот извор.
Прво тече од југозапад кон североисток а потоа генерално тече од запад кон исток. Се влева во Тиренското Море во општината Сера-ди-Фиуморбо.
Соседни крајбрежни реки се Фјуморбо на север и Траво на југ.
Општини и кантони во сливот Само во департманот Горна Корзика, реката Абатеско се претега во четири општини во рамките на еден кантон:
Комуни од возводно до низводно се: Сан-Гавино-ди-Фиуморбо (извор), Исолачо-ди-Фиуморбо, Прунели-ди-Фиуморбо, Сера-ди-Фиуморбо (устие). Абатеско минува низ кантонот Прунели-ди-Фиуморбо, најјужниот кантон Горна-Корзе, во округот Корте.
На речиси целиот свој дел од трасата, служи како граница за општините по кои се протега: Сера-ди-Фјуморбо на десниот брег, Сан-Гавино, потоа Изолачо и конечно Прунели на левиот квадратни километрирег.
Вододелница Површината на сливот на реката Абатеско се проценува на 111 километри квадратни од Сандре и како 89 километри квадратни според студија објавена во Францускиот билтен за риболов и одгледување риби.
Управувачки орган Управувачкиот орган од донесувањето на корзиканскиот закон од 22 јануари 2002 година е Комитетот за корзикански басен (Comité de bassin de Corse).
Притоки мини|Абатеско во Пјетрапола Абастеско има деветнаесет наведени притоки: ПритокиГорен делЛ/ДДолжинаОпштина(и)Беначиолалева1.2 кмСан Гавино ди Фиуморбо и Сиера ди ФјуморбоФиурничетилева1.7 кмСан Гавино ди Фиуморбо и Сиера ди ФјуморбоВанга ди Анолидесна1.1 кмСиера ди ФјуморбоКупинлева1.8 кмСан Гавино ди Фјуморбо Каренадесна1.8 кмСиера ди ФјуморбоМаиниКардичијалева4.1 кмСан Гавино ди Фјуморбо ←Лапароlлева1.8 кмСан Гавино ди Фјуморбо Фуронедесна1.4 кмСиера ди ФјуморбоКорбаводолева0.9 кмСан Гавино ди Фјуморбо Зеванедесна1 кмСиера ди ФјуморбоТуалулева1.3 кмСан Гавино ди Фјуморбо Пјеро Бјанкајолева1.4 кмСан Гавино ди Фјуморбо БујаТрефонтане Трејонтанелева4.9 кмИсолацио ди Фјуморбо, Сан Гавино ди Фјуморбо
вклучувајќи ги Бугија водопади, познато место за кајакарење← Арена Бјанкадесна3.2 кмСан Гавино ди Фјуморбо Изворот на Пунта ди Камполонго (1,695 м) затворен со GR20←← Аријалева2.1 кмСан Гавино ди ФјуморбоИзвор на помалку од 200 метри од GR20←Пулитрелолева1.4 кмСан Гавино ди Фјуморбо← Кодолалева3 кмИсолацио ди Фиуморбо, Сан Гавино ди Фјуморбо← Фоириначијалева1.7 кмСан Гавино ди ФјуморбоСерсалева1.5 кмСан Гавино ди Фјуморбо, Исолацио ди ФјуморбоТрибалдолева2.4 кмИсолацио ди Фјуморбого наводнува селото Пјетрапола со единственото одобрено спа во Корзика.Сапаретолева2.4 кмИсолацио ди ФјуморбоВергајололева2 кмПрунели ди ФјуморбоВарчиапонелева1.3 кмПрунели ди ФјуморбоФорчиналева0.7 кмПрунели ди ФјуморбоБјачиноСамбучелидесна8.7 кмВентисери, Сера ди Фјуморбо← Анзагара'лева4 кмСиера ди Фјуморбо←←Минаголидесна1.4 кмСиера ди Фјуморбо←←← Јувалева1.8 кмСиера ди ФјуморбоСиндолидесна1.4 кмСиера ди ФјуморбоКарпиничијадесна2.1 кмАглијаАквианеладесна8.8 кмСиера ди Фјуморбо
Штралеров број Штралеровиот број на реката Абатеско е пет од притоките Бјачино, Анзагара, Минаголи и Јува.
Човечко присуство мини|Кулата ФОРТЕФ во Милијачијаро Во долина, на места наречени Абазија, Агнатело, Калцарело и Катастахо, се родила и напредувала цела дрвна индустрија, водена од компанијата ФОРТЕФ (Forêts - Terres et Forces du Fiumorbo). Таа вадела 6000 кубни метри сечени дрва и вработила 800 луѓе во 1935 година, со 4200 хектари шуми и 1200 хектари обработливо земјиште. Престанал да се употребува во деветнаесеттиот век. На надморска височина од 69 метри на Абатеско, била изградена брана и хидроелектрани (хоризонтални турбини од типот Пелтон или типот Франсис) на местото наречено Агнатело, ја снабдувале дрвната индустрија која исто така постоела на помалку од еден километар, на место наречено Абазија на надморска височина од 54 до 38 метри. На истите овие места, корзиканските железници изградиле голем железнички мост.
Покрај морето, постои мост, помалку од 1 километар и на надморска височина од 9 метри RT10 (порано RN 198) поминува преку Абатеско. Стариот римски пат минувал околу 500 метри подалеку северозападно од овој мост, во близина на местото наречено Кјарата.
На течението на реката се наоѓаат Мулен де Бранка и Мулен де Бјачино, додека Мулен де Ризал се наоѓа на потокот Бјачино.
Екологија Реката и нејзините притоки се населени со пастрмка. Разорна поплава за рибната популација се случила во септември 1989 година.
Устие на река е класифицирано како Природна зона за еколошка, фаунистичка и флористичка природа (ПЗЕФФП) од 1985 година, која опфаќа 162 хектари што ги вклучува мочуриштата Кана и езерцето Градугине на север, и езерцето Пало на југ.
Наводи
Литреатура
Категорија:Реки во Франција Категорија:Статии со извори на француски (fr) Категорија:Координати на Википодатоците