Хумската плоча е старословенски епиграф напишан со кирилично писмо во форма на камена плоча, која е различно датирана помеѓу 10-ти и 12-ти век, што ја прави еден од најстарите зачувани босански натписи.

Оваа плоча е најстариот кирилски епиграф пронајден на територијата на Босна и Херцеговина. Пронајдена е кај селото Хумац. Се чува во музејот на Фрањевачкиот манастир во Хумац. Прв пат ја забележал еден француски дипломат во Босанскиот Вилает.

Постои несогласување околу нејзиното датирање; југословенскиот епигаф и историчар Марко Вего ја датирал кон крајот на 10-ти или почетокот на 11-ти век; лингвистот Јован Деретиќ кон 10-ти или 11-ти век; а Димитрије Богдановиќ кон 12-ти век.

Текстот на плочата раскажува за чинот на подигање на црква посветена на Архангел Михаил од страна на Крсмир (преведуван и како Ускрсимир или Крешимир) и неговата жена Павица. Плочата е четириаголна (68x60x15 cm), а натписот е врежан во форма на четириаголник со кирилично писмо, меѓу кое се јавуваат и четири глаголични букви.

Текст

Оригинален текст (/ означува нов ред) Современ текст на кирилица (Dizdar) У име отца и сина и светаго духа. А се црки арханђела Михаила, а зида ју Крсмир, син Бретов, жупи урун, и жена јега Павица Романизиран текст (Vego) ✚ U ime o(tь)ca i s(i)na i s(ve)tago d(u)ha. A se c(rь)ki a(rhan)đ(e)la Mi(hai)la, a zida ju u Kьrsmirь sinь Bretь? župi urunь? i ž(e)na jega Pavica. Современ српскохрватски U ime oca i sina i svetoga duha. Ovo je crkva arhanđela Mihajla, a zida je Krsmir sin Bretov, u župi Urun i žena njegova Pavica. Македонски превод Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Ова е црква на архангелот Михаил, а ја соѕида Крсмир, син на Брет, во жупата Урун, и жената негова Павица.

Транслитерацијата и толкувањето на текстот се разликува помеѓу славистите и палеографите.

Наводи

Извори

Категорија:Натписи