ФК Партизан е фудбалски клуб од Белград. 27 пати ја има освоено шампионската титула (прво на СФРЈ, подоцна на Југославија и на крајот на Србија), а освојувач е и на 15 национални купови. Најголем успех на Партизан на европско тло е финалето во Купот на европските шампиони против мадридски Реал. По распадот на заедничката држава, Партизан е првиот клуб од Србија кој се има пласирано во Лигата на шампионите и кој ја има поминато фазата по групи во Купот на УЕФА, стигнувајќи до осминафиналето.

Историја

Партизан е основан на 4 октомври 1945 година, како дел од Југословенското спортско друштво. Клубот сè уште е член на истото друштво, чие име денес е променето во Спортско друштво на Србија и кое брои 25 клубови во различни спортови, но е потполно независно во поглед на организација, управа, финансии, материјални средства и објекти.

На почетокот формиран е под закрила на Југословенската Народна Армија, поради што и самиот стадион на Партизан долго време го носи името Стадион ЈНА. Сепак, на почетокот на 1950-тите станува независен од војската. Првиот меѓународен натпревар, Партизан го одигрува на 6 декември 1946 година против ЦСКА Москва.

Моментално, боите на Партизан се црна и бела, иако првите 13 години дресовите им се во сино-црвена комбинација.

Навивачи

Навивачите на Партизан, познати под името Гробари, се организираат кон крајот на 1970-тите. Прекарот го добиваат од навивачите на нивниот најголем соперник – Црвена Ѕвезда – кои на ваков начин алудираат на претежно црната клупска боја, која е сосема иста како облеката на гробарите.

За време на постоењето на СФРЈ, Гробарите, заедно со уште неколку навивачки групи на територијата на поранешна Југославија, важат за едни од најсложните и најпосветените навивачи; сепак, по распадот на заедничката држава, доаѓа до несогласувања во рамките на навивачката група, па од 1999 година, до денес постојано следат поделби.

Денес постојат три посебни групи: Јужен фронт, Гробари 1970 и Гробари Белград.

Стадион

Стадионот на Партизан е објект со најдолга спортска традиција во Југославија. Се наоѓа на местото каде пред почетокот на Втората светска војна, било сместено игралиштето на тогашниот шампион БСК – Белградски Спортски Клуб.

Непосредно по завршувањето на војната, започнува изградбата на модерен стадион токму на тоа место. На 9 октомври 1949 година на него е одигран првиот натпревар, и тоа меѓу Југославија и Франција (1:1) во квалификациите за Светското првенство 1950 година.

Од 1950-тите до 1987 година, стадионот се користи како цел на годишниот фестивал наречен „Ден на младоста“. На секој 25 мај, „Штафетата на младоста“ е предавана на Јосип Броз Тито, претседателот на Југославија, токму на Стадионот ЈНА.

Долго време, стадионот на Партизан прима 55.000 навивачи, бројка која многу често е и надминувана за време на поважните натпревари; сепак поради заострените критериуми на Меѓународниот фудбалски сојуз, стадионот е реконструиран во 1998 година, па по оваа интервенција гледалиштето е сведено на 32.710 места.

Награди и признанија Фудбалскиот клуб Партизан 27 патa бил шампион на Југославија: 1947, 1949, 1961, 1962, 1963, 1965, 1976, 1978, 1983, 1986, 1987, 1993, 1994, 1996, 1997, 1999, 2002, 2003, 2005, 2008, 2009, 2010, 2011, 2012,2013, 2015, 2017 Победник на Фудбалскиот куп на Југославија бил 15 пати: 1947, 1952, 1954, 1957, 1989, 1992, 1994, 1998, 2001, 2008, 2009, 2011, 2016, 2017, 2018

Во 1966 година, Партизан е вицешампион на Европа, а во 1978 година, победник на Средноевропскиот куп. Момчило Вукотиќ е рекордер по бројот на одиграни натпревари - 752, а рекордер по бројот на постигнати голови за црно-белите е Стјепан Бобек со 403 погодоци. За репрезентацијата на Југославија имаат настапено преку 130 Партизанови фудбалери, а повеќе од педесет натпревари во редовите на СФРЈ имаат одиграно Стјепан Бобек, Бранко Зебец, Златко Чајковски, Фахрудин Јусуфи, Милан Галиќ и Милутин Шошкиќ. За фудбалската репрезентација на Југославија Славиша Јокановиќ и Предраг Мијатовиќ ја имаат надминато таа бројка. Поранешниот играч на Партизан Саво Милошевиќ има одиграно 101 натпревар за репрезентацијата, што пак е апсолутен рекорд.

Пред распадот на Југославија, Партизан има шест пати победено со десет или повеќе дадени голови, а во две првенства има постигнато по повеќе од сто гола; Партизан го држи и рекордот за најмногу постигнати голови во рамките на југословенската прва лига со 107 погодоци во едно првенство. Еден од највозбудливите натпревари, Партизан го има одиграно против Селтик во 1989 година, непосредно пред распадот на СФРЈ. На првиот натпревар, одигран во Мостар, Партизан победува со 2-1. Реваншот се игра во Шкотска, а Селтик победува со 5-4. Партизан постигнува гол во последната минута и на таков начин се квалификува во наредното коло.

Партизан има играно и во финалето на Купот на европските шампиони во 1966 година против Реал Мадрид, откако го исфрла Манчестер Јунајтед во полуфиналето. Партизан поведува со 1-0 во финалето, но на крајот Шпанците сепак победуваат со 2-1.

Партизан на европските натпреварувања Сезона Натпреварување Ранг Земја Клуб Резултат1955/56Лига на шампиони осминафиналеФК Спортинг Лисабон3-3, 5-2четвртфинале20п ШпанијаФК Реал Мадрид0-4, 3-01956Митропа купчетвртфиналеФК Вакер Виена1-1, 1-1, 4-0 Полуфинале20п УнгаријаФК Вашаш1-0, 1-6 1958Дунав куп1 колоФК Татран Прешов4-2, 1-4 1959Митропа купчетвртфиналеФK Бањик Острава1-1, 3-2 полуфиналеФК Хонвед3-3, 2-2 1960Митропа купГрупаФК Слован Братислава2-1, 1-4 1961/62 Лига на шампиони квалификацииФК Спортинг Лисабон1-1, 2-0осмина финалаФК Јувентус1-2, 0-51962Митропа купГрупаФК Аталанта Бергамо3-3, 2-2ГрупаФК МТК2-1, 1-4ГрупаФК Бањик Острава2-2, 1-11962/63Лига шампионаквалификации20п БугаријаЦСКА Софија1-2, 1-41963/64Лига шампионаквалификацииАнортозис Фамагуста3-0, 3-1осминафиналаЖенес д'Еш1-2, 6-2четвртфиналеФК Интер0-2, 1-21965/66Лига шампионаквалификацииФК Нант2-0, 2-2осмина финалаФК Вердер Бремен3-0, 0-1четвртфиналеФК Спарта Прага1-4, 5-0полуфиналеМанчестер Јунајтед2-0, 0-1финале20п ШпанијаФК Реал Мадрид1-21967/68Куп на саемските градови1 коло20п БугаријаФК Локомотива Пловдив5-1, 1-12 колоФК Лидс Јунајтед1-2, 1-11969/70Куп на саемските градови 1 колоФК Ујпешт2-1, 0-21970/71Куп на саемските градови1 коло20п ДР ГерманијаФК Динамо Дрезден0-0, 0-61972Митропа купГрупаФК Фјорентина0-3, 2-1ГрупаФК Виена3-0, 4-11974/75УЕФА куп1 колоФK Гурник2-2, 3-02 колоФК Портдаун5-0, 1-1осминафиналеФК Келн1-0, 1-51976/77Лига на шампиони 1 колоФК Динамо Киев0-3, 0-21978Митропа купГрупаФК Перуџа1-2, 4-0ГрупаФК Збројовка Брно5-1, 4-1ПобедникФК Хонвед1-01978/79Лига на шампиони1 коло20п ДР ГерманијаФК Динамо Дрезден2-0, 0-2 (4-5 пен.)1983/84Лига на шампиони1 колоФК Викинг Ставангер5-1, 0-0осминафинале20п ДР ГерманијаФК Динамо Берлин0-2, 1-0 1984/85УЕФА куп1 колоФК Рабат Ајакс2-0, 2-02 колоКвинс Парк Ренџерс2-6, 4-0осминафиналеФК Видеотон0-5, 2-01985/86УЕФА куп1 колоФК Портимоненсе0-1, 4-02 колоФК Нант1-1, 0-41986/87УЕФА куп1 колоБорусија Менхенгладбах0-1, 1-31987/88УЕФА куп1 коло20п АлбанијаФК Фљамуртари0-2, 2-11988/89УЕФА куп1 коло БугаријаФК Славија Софија5-0, 5-02 колоФК Рома4-2, 0-21989/90Куп на победниците на куповите1 колоФК Селтик2-1, 4-5осминафиналеФК Гронинген3-4, 3-1четвртфиналеФК Динамо Букурешт1-2, 0-21990/91УЕФА куп1 колоФК Хибернијан3-0, 2-02 колоФК Реал Сосиедад0-1, 1-0 (5-4 пен.)осминафиналеФК Интер0-3, 1-11991/92УЕФА куп1 колоФК Спортинг Хихон0-2, 2-0 (2-3 пен.)1996/97УЕФА куп1 коло кв.ФК Макаби Хаифа1-0, 3-12 коло кв.ФК Национал Букурешт0-0, 0-11997/98Лига на шампиони 1 коло кв.Кроација1-0, 0-51998/99Куп на победниците на куповите квалификацииФК Динамо Батуми2-0, 0-11 колоФК Њукасл Јунајтед1-2, 1-0осминафиналеФК Лацио0-0, 2-31999/00Лига на шампиони1 коло кв.ФК Флора Талин6-0, 4-12 коло кв.ХНК Ријека3-1, 3-03 коло кв.ФК Спартак Москва0-2, 1-31999/00УЕФА куп1 колоФК Лидс Јунајтед1-3, 0-12000/01УЕФА купквалификацииСлиема Вондерерс1-2, 4-11 колоФК Порто1-1, 0-12001/02УЕФА купквалификацииФК Санта Кулома7-1, 1-01 колоФК Рапид Виена1-0, 1-52002/03Лига на шампиони 2 коло кв.ФК Хамарби1-1, 4-03 коло кв.Баерн Минхен0-3, 1-32002/03УЕФА куп1 колоФК Спортинг Лисабон3-1, 3-32 колоФК Славија Прага3-1, 1-52003/04Лига на шампиони2 коло кв.ФК Ѓурѓарден1-1, 2-23 коло кв.ФК Њукасл Јунајтед0-1, 1-0 (4-3 пен.)Група ФК Порто1-1, 1-2Група ФК Олимпик Марсеј0-3, 1-1ГрупаФК Реал Мадрид0-1, 0-02004/05УЕФА куп2 коло кв.ФК Оцелул Галаци0-0, 1-01 колоФК Динамо Букурешт0-0, 3-1ГрупаФК Егалео4-0ГрупаФК Лацио2-2ГрупаФК Виљареал1-1ГрупаФК Мидлсборо0-33 колоФК Днепро Днепропетровск2-2, 1-0осминафиналеФК ЦСКА Москва1-1, 0-22005/06Лига на шампиони2 коло кв.ФК Шериф Тираспол1-0, 1-03коло кв.ФК Артмедиа Братислава0-0, 0-0 (3-4 пен.)2005/06УЕФА куп1 колоФК Макаби Петах Тиква2-0, 2-52006/07УЕФА куп2 коло кв.НК Марибор2-1, 1-11 колоФК Гронинген4-2, 0-1ГрупаФК Ливорно1-1ГрупаФК Макаби Хаифа0-1ГрупаФК Осер1-4ГрупаФК Ренџерс0-12007/08УЕФА куп1 коло кв.НК Зрињски 6-1, 5-0 * * Поради нередите предизвикани од Партизановите навивачи во Мостар, со одлука на УЕФА, ФК Партизан е исфрлен од УЕФА купот во сезоната 2007/08.

Надворешни врски

Официјални ФК Партизан. Профил на УЕФА.

Страници на обожаватели Неофицијална страница на клубот. Juzni front страница на една од навивачките групи.

Категорија:Фудбалски клубови од Србија Категорија:Фудбалски клубови од Југославија Категорија:Учесници во лига Европа во сезона 2011-2012