thumb|350п|right|Дивизии и конференции на НБА
Атлантската дивизија на Националната Кошаркарска Асоцијација е една од трите дивизии во Источна Конференција на лигата, заедно со Југоисточната Дивизија и Централната Дивизија. Во оваа дивизија, како и во сите други, има пет тимови. Тие се во релативна географска непосредност, посебно тимовите на Њујорк Никс и Њу Џерси Нетс. Оваа дивизија е дом на најуспешната НБА екипа, Бостон Селтикс, со 16 титули. Петте тимови се следните:
Бостон Селтикс Њу Џерси Нетс Њујорк Никс Торонто Рапторс Филаделфија Севентисиксерс
Прваци на Атлантската дивизија
2001: Филаделфија Севентисиксерс 2002: Њу Џерси Нетс 2003: Њу Џерси Нетс 2004: Њу Џерси Нетс 2005: Бостон Селтикс 2006: Њу Џерси Нетс 2007: Торонто Рапторс 2008: Бостон Селтикс
Категорија:Национална кошаркарска асоцијација