Градски воз — систем на градско-приградска железница, кој го опслужува градот Скопје и околните населени места и општини на Скопскиот Регион. Возовите го поврзуваат средиштето на Скопје (ГЖС „Скопје“) со неговите населби Горно Лисиче (ЖС „Лисиче“), Маџари (ЖС „Маџари“), Скопје Север (ЖС „Скопје Север“) и Ѓорче Петров (ЖС „Ѓорче Петров“), со населените места Драчево (ЖС „Драчево“), Орешани (ЖС „Јане Сандански“ и ЖС „Орешани“), Зелениково (ЖС „Зелениково Ново“ и ЖС „Зелениково“), Волково (ЖС „Волково“), Илинден (ЖС „Илинден“), Миладиновци (ЖС „Миладиновци“), како и Меѓународниот аеродром Скопје. Предвидено е системот да има 3 железнички линии, со околу 15 станици и стојалишта.
Првата линија од Зелениково до Скопје во должина од 24,5 километри со седум железнички станици, е пуштена во употреба на 1 септември 2026 година. Пругата ќе биде целосно електрифицирана.
Линии Линија 20x20пкс Скопје — Зелениково 20x20пкс Скопје — Миладиновци 20x20пкс Скопје — Волково Легенда на линиите Бр.Име на линијатаШемаОтворенаДолжина (км)ПостојкиПросечна оддалеченост (км)20x20пксСкопје — Зелениково1 септември 202624,573,520x20пксСкопје — Миладиновципочеток 2028.09204520x20пксСкопје — Волковопочеток 2028.091853,6
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Сообраќајот во Скопје Категорија:Јавен превоз во Македонија Категорија:Железнички сообраќај во Македонија