мини|Сладолед тути фрути Тути фрути (од италијански tutti i frutti, „сите овошја“; исто така со цртичка тути-фрути ) — шарено слаткарство кое содржи разни исецкани и обично зашеќерени овошја, со вештачка или природна арома што има комбиниран вкус на многу различни овоштиа и ванила.

Тој претставува многу популарен вкус на сладолед во многу западни земји. Овошјето што се користи за сладолед тути фрути се цреши, обично содржи лубеница, суво грозје и ананас, честопати збогатено со јаткасти плодови.

Во Холандија, тути-фрути е компот од сушено овошје, кој се служи како десерт или како прилог на јадење со месо. Во Белгија, тути-фрути често се смета за десерт. Типично, содржи комбинација од суво грозје, рибизли, кајсии, сливи, урми и смокви.

Во Соединетите Американски Држави, тути фрути може да значи и овошје натопено во бренди или други жестоки пијалаци, па дури и на овошје ферментирано во течност што содржи шеќер и квасец.

Во Финска и Шведска, Тути Фрути претставува мешавина од овошни бомбони произведени од Фејзер. Наводи Категорија:Италијански зборови Категорија:Сладолед