мини|Неаполски сладолед Неаполскиот сладолед, исто така познат и како сладоледот Харлекин, е сладолед кој е составен од три вкуса (обично ванила, чоколадо и јагода ) наредени еден до друг. Иако Неаполскиот сладолед е поврзан со Неапол во Италија, за прв пат тој бил забележан во Прусија во 1839 година.
Историја Неаполскиот сладолед бил првиот рецепт за сладолед кој што се состоел од три вкуса. Првиот забележан рецепт е создаден од главниот готвач на кралското пруско домаќинство Луј Фердинанд Јунгиус во 1839 година, кој го посветил рецептот на благородникот Фирст Пиклер.
Името „неаполски“ на англиски јазик се појавило кон крајот на 19 век поради несигурноста за неговото потекло, со оглед на репутацијата на Италија за сладолед или затоа што неговите бои - првично зелена (фстак), бела (ванила) и црвена (цреша) - се совпаѓале со боите на италијанското знаме. Раните рецепти содржеле повеќе различни вкусови, но комбинацијата од чоколадо, ванила и јагода станала стандард, очигледно затоа што овие биле најпопуларните вкусови во Соединетите Држави во времето на неговото воведување.
мини|Кутија со неаполски сладолед од Обединетото Кралство
Торта Во Австралија, неаполската торта или мермерната торта се прават со истите три бои на неаполскиот сладолед измешани во мермерена шара, обично прелиени со розева глазура.
Поврзано
Спумони
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Германска кујна Категорија:CS1-одржување: бројчени имиња: список на автори Категорија:Сладолед Категорија:Италијанско-американска кујна