Македонска коњаничка бригада — бригада на НОВЈ основана декември 1944 година. Била составена од Првиот коњанички дивизион на Генералштабот на Народнослободителната војска и партизанските одреди на Македонија (ГШ на НОВ и ПОМ) и од борците од другите единици што служеле во коњаницата. Бригадата му била непосредно потчинета на ГШ на НОВ и ПОМ. Во формацискиот состав имала три дивизиони, од кои два коњанички. Заедно со Деветтата и Дваесеттата македонска бригада, во март 1945 година учествувала во чистењето на западниот дел на Македонија од остатоци на колаборационистичките балистички сили.

Наводи

Категорија:Бригади на НОВМ