Национална алијанса за интеграција (НАИ; , AKI) — македонска политичка коалиција составена од Демократска унија за интеграција, дел од Алијанса за Албанците и Народно движење. НАИ е наследник на Европскиот фронт под раководство на Али Ахмети. За време на Локалните избори во 2025 година биле изгласани нивни градоначалници во шест општини.

Политички дејности Коалицијата е основана во септември 2025 година, пред Локалните избори во Македонија. Наследник на Европскиот фронт, голем дел од членовите во претходната коалиција се дел од НАИ. Со исклучок на турските партии кои одлучиле да настапат самоволно во Центар Жупа и Пласница.

Локални избори 2025 година Во првиот круг коалицијата водела во три општини: Чашка, Пласница и Липково. Додека во вториот круг воделе само во една општина: Студеничани. За поразот НАИ наведила изборни нерегуларности од страна на ВРЕДИ. Во 11 јануари 2026 година биле оддржани локални избори за општините кои немале доволно излезност претходно. НАИ добила градоначалници во Гостивар и Врапчиште.

Пред локалните избори НАИ побарала да се оддржат предвремени парламентарни избори.

Наводи

Категорија:Политички партии во Македонија