лево|мини|Жолтоопашест амберџек мини|Амберџек фатен во Палм Бич, Флорида во 1910 година лево|мини|Јапонски специјалитет од оваа риба послужен како сурово јадење во Даегу, Јужна Кореја

Амберџек — атлантска и тихоокеанска риба од родот Seriola од семејството Carangidae. Оваа риба е широко консумирана во различни култури низ светот, особено во јапонската кујна. Најчесто се наоѓаат во потоплите делови на океаните. Постојат многу варијации на амберџек, вклучувајќи Seriola dumerili, Seriola fasciata, Seriola lalandi, Seriola rivoliana и Seriola zonata. Иако повеќето видови Seriola се сметаат за „амберџек“, видот Seriola hippos не е.

Видови Seriola dumerili е најголем вид, и обично е со темни ленти што се протегаат од носот до предниот дел од грбните перки. Немаат лузни и меки грбни основи помали од двојно поголеми од основите на аналните перки. Тие обично се долги 18 килограми или помалку, и се наоѓаат меѓу карпести гребени, обично на длабочина од 20 до 75 метри. Овој вид го има и на Пацификот.

Seriola fasciata има пропорционално поголеми очи, подлабоки и пошироки тела од поголемите единки. Тие имаат маслинесто зелена или кафеаво-црна боја со страни кои што се сребрени и обично имаат темна лента што се протега нагоре од очите. Младите единки имаат поделени или брановидни ленти на страните од нивните тела. Возрасните единки се обично под 5 килограми. Тие се наоѓаат подлабоко во водите за разлика од другите видови, кои најчесто ги има од 50 до 130 м. Ова се ненаситни предатори, кои се хранат со лигни, риби и ракови, и се смета дека се појавуваат на отворено море во текот на поголемиот дел од годината. Младите единки можат да се фатат на околу 7,6 метри вода, во близина на пловечки објекти.

Seriola zonata е вториот најмал вид на амберџек. Овој вид може да се разликува од другите по присуството на првата грбна перка. Големите единки (над 25,4 цм) немаат ленти.

Однесување

Овие риби се грабливци. Тие се хранат со лигни, ракови, сардини и друго. Помладите единки се хранат со планктон и мали безрбетници.

Големите единки созреваат на околу 4 години и мигрираат, од крајот на пролетта до почетокот на летото (од март до јуни) за да се размножуваат. Тие мигрираат во подлабока вода за мрестење, раѓајќи ги своите млади во близина на бродоломи или големи предмети како безбедно засолниште за нивните млади.

Женките се многу поголеми од мажјаците и имаат подолг животен век. Максималното животно време за женките е 17 години, додека просекот е 10 поради големата побарувачка за нив во риболовот и како висококвалитетна риба за храна.

Наводи

Категорија:Крањеви Категорија:Риби