десно|мини|Три шведски риби: жолта, зелена и црвена. Секоја има врежано „шведски“ на страната.
Шведската риба е бомбона во облик на риба, првично произведувана од шведскиот производител на бомбони Малако во 1957 година за американскиот пазар. Тие се достапни во различни бои и вкусови.
Состојки Шведската риба содржи:
Шеќер Инвертен шеќер Сируп од пченка Модифициран пченкарен скроб лимонска киселина Природни и вештачки вкусови Бело минерално масло Карнауба восок (произведен во Канада) или пчелин восок (произведен во Турција) Црвена (боја) #40 Жолта (боја) #6 Жолта (боја) #5 Сина (боја) #1
Претходните обвивки го претставуваа производот како „храна без маснотии “. Тие не содржат глутен.
Хемиски својства Инвертниот шеќер е една од состојките на шведската риба која претставува комбинација од гликоза и фруктоза. Инвертниот шеќер е важен кај шведската риба поради неговата способност да ја задржува влагата.
Шведската риба содржи модифициран пченкарен скроб кој првенствено се користи за нагласување на обликот. Исто така се користи како медиум во послужавниците кога производот се става во нив за да се обликува. Покрај тоа, во овие послужавници се додава бело минерално масло за да се надополни скробот, да се спречи распаѓањето на бомбоните и да се добие сјаен слој.
Восокот Карнауба се користи во шведската риба како облога и им дава на бомбоните восочна текстура.
Лимонската киселина, исто така го продолжува рокот на траење на производот.
Во Шведска мини|Полица со бомбони за берење и мешање слични на оние што се користат во Шведска Голем дел од продажбата на слатки во Шведска се продава како „pick and mix“. Винските гуми за џвакање се продаваат во разновидни форми и обици, од кои рибата е само една. Шведската бонбона со риба се продава под името „pastellfiskar“ што значи пастелска риба, а меѓу другото и под брендот Maлaкo. Бонбоните во облик на риба се исто така дел од кесата Малако со мешани бонбони наречена „Gott & Blandat“, што во превод значи вкусно и мешано. Оваа популарна кеса со бонбони е воведена во 1979 година и со текот на годините се направени многу варијации од неа. Шведскиот рецепт се разликува од американскиот бидејќи белото минерално масло е забрането во Европа поради поврзани здравствени ризици, а многу американски прехранбени бои не се одобрени за потрошувачка во Европа во истите количини што се користат во САД. Содржи гликозен сируп, шеќер, скроб, лимонска киселина, растителни масла од кокос или репка, ароми, премази т.е. пчелин восок и бои.
Во Северна Америка Во денешно време, шведската риба што се консумира во Северна Америка се произведува во Хамилтон, Онтарио, Канада и Турција од страна на Монделез Интернешанал. Во Канада, шведската риба се разнесува поточно се дистрибуира под брендот Maynards Bassetts на Mondelēz International.
Рибите се дистрибуираат во САД од страна на Mondelēz International. Бонбоните во облик на риба се стекнале со доволно голема популарност сами по себе, па компанијата Малако, а подоцна и компанијата Cadbury, морале малку да го рекламираат производот, сè до изминатата деценија. Неодамнешното повторно зголемување на популарноста резултираше со зголемување на достапноста во супермаркетите и продавниците за храна каде што често се продаваат претходно спакувани во пластични кеси. Надоградувајќи се на ова повторно појавување, компанијата создала телевизиски реклами „Џиновска риба“ и мини-серија на YouTube „Газејќи во вода“, која ги проследува разните авантури на четири пријатели и една џиновска шведска риба кои делат стан. Првите неколку епизоди од мини-серијата биле објавени на YouTube на 9 мај 2016 година.
Првично биле обоени во црвена боја со вкус уникатен за бомбоните, сега се достапни во неколку различни бои. Виолетовата шведска риба со вкус на грозје била прекината во 2006 година. Овие рипки се достапни во две различни големини. Првично, помалите риби биле достапни само во црвена боја; сега риби од обете големини се достапни во сите вкусови и бои. Според посетата на фабриката во емисијата Unwrapped, зелената не е вкус на лимета, туку на ананас, додека жолтата е вкус на лимон-лимета. Во продавниците денес се достапни и шведски рибни опашки со 2 вкусови. Постојат три различни комбинации на вкусови: капина јагода, лубеница ананас и малина манго. Оваа нова верзија на производот, исто така, нуди различни нови бои за бомбоните.
Историја „Шведски риби“ била лансирана на американскиот пазар во 1957 година. Оригиналниот сопственик на овие бомбони била шведската компанија „Малако“, која сакаше да ја прошири својата продажба во Северна Америка и склучи партнерство со „Кадбери“. Сакајќи да создаде производ што на некој начин ќе ја одрази културата на Шведска и да го привлече вниманието и интересот на обичниот Американец, била создадена гумена бомбона во форма на риба. Риболовот бил и сè уште е голем дел од културата на Шведска, а рибата е значителен дел од шведската исхрана. Во времето на создавањето на „Шведската риба“, Шведска била најмногу поврзана со рибата, па затоа „Малако“ ја избрал таа форма. „Монделез“ ги дистрибуира бомбоните во САД денес, но гумените бомбони со риба сè уште ги дистрибуира „Малако“ во Шведска.
Партнерства Во 2009 година, „Ритас италијан ајс“, американски синџир ресторани што служи италијански мраз и замрзнат крем, вовел италијански мраз со вкус на црвена шведска риба како кобрендиран производ.
„Тридент“, компанија за гуми за џвакање во сопственост на „Монделез Глобал“, произвел производ со вкус на шведска риба, кој се рекламира како вкус „Бобинка + лимон“.
Во 2016 година, Набиско создале производ за тест-пазар, шведски рибни орео, достапен во продавниците за храна „Крогер“ во САД.
Од 2023 година, „Трејдер Џос“ продава верзија под нивната приватна етикета, наречена „Скандинавски пливачи“.
Надворешни врски
Оригиналната шведска риба веб-страница, управувана од Кадбери Адамс
Наводи
Категорија:Бомбони