Orectolobus leptolineatus — вид на тепих ајкула која што поттекнува од семејството Orectolobidae, таа често може да порасне и до 120 см во должина. Живее во Тихи Океан на дното на океанот, и е безопасна за луѓето.
Името на оваа риба, Orectolobus leptolineatus, значи „тенки линии“, што се однесува на камуфлажниот шаблон кој што се наоѓа на нејзината кожа.
Распространетост и живеалиште Оваа риба може да живее во бентопелагични средини со минимален опсег на длабочина од 20 метри, во тропските области. Таа живее во близина на Индонезија и кај Саравак, со непотврдени записи од среќавањето на оваа риба кај островите Пенгу, Висајски Острови и Себу Сити.
Опис Мажјаците можат да растат до должина од 112 см, додека женките можат да растат малку поголеми и да достигаат 120 см. Оваа риба има ленти кои што се темно кафеави, над грбната и страничните површини, а нејзините грбни и горните парни перки содржат вермикуларни шари. Вентралната површина на трупот е бледа. Грбната перка расте високо, со првата грбна перка во близина на карличните перки. Има 23 реда заби во горната вилица и рудиментиран ред заби на горната вилица. Вкупниот број на пршлени се движи од 148 до 163.
Зрелост Мажјаците стануваат зрели кога ќе достигнат 90 см во должина. Најмалата зрела женка била долга 94 см, заедно и со две регистрирани бремени женки, од кои едната била долга 104 см, а другата 108 см. Помалата риба од двете била уловена кога што имала четири ембриони долги помеѓу 13 и 14 см.
Наводи
Категорија:Риби Категорија:Речиси загрозени видови според МСЗП