десно|мини|Жабрени засеци на сива гребенска ајкула десно|мини|Жабрени засеци на змиулка Жабрените процепи се индивидуални отвори кон жабрите, т.е. имаат повеќе жабрени лакови, на кои им недостасува еден надворешен капак. Ваквите жабри се карактеристични за 'рскавичните риби, како што се ајкулите и ражите, како и за длабоко разгранети 'рбетници како што се змиулките. Спротивно на тие, коскените риби имаат еден надворешен коскен жабрен капак - наречен оперкулум.

Повеќето ајкули и ражи имаат пет пара жабрени прорези, a некои видови имаат 6 ,7 пара. Жабрените прорези на ајкулата се наоѓат зад главата. Предниот раб на жабрениот прорези е подвижен, се движи нанадвор, и овозможува водата да излезе, но се затвора за да спречи обратен тек. Модифициран прорез, наречен спиракула, се наоѓа веднаш зад окото, кој ѝ помага на ајкулата да впие вода за време на дишењето, и игра голема улога кај ајкулите што живеат на дното. Спиракулите се намалени или недостасуваат кај активните пелагични ајкули. Кога се во мирување, повеќето ајкули пумпаат вода преку своите жабри, и обезбедуваат постојано снабдување со оксигенирана вода. Мал број од нив ја изгубиле способноста да пумпаат вода низ своите жабри и мора да пливаат без одмор.Овие видови веројатно би се задушиле ако не можат да се движат. Ваквата вентилација важи и за некои пелагични видови коскени риби.

Вистинските жабрени процепи кај ембрионалните риби се развиваат во жабри кај рибите. Сепак, процепите кај четириношците не се развиваат, па затоа поопшто име за вертебралните структури е „фарингеални процепи“. Жабрените процепи најверојатно потекнуваат од фарингеалните процепи (како што се наоѓаат кај плаштарите ) кои се користеле за филтрирање. Терминот „жабрени процепи“ се користи да се означат наборите на кожата во фарингеалниот регион кај ембрионите, денес е прифатен т.е. фарингеалните торбички кај 'рбетниците, а не процепите на вратот, се хомологни на фарингеалните процепи кај безрбетните хордовии.

Поврзано

Надворешни жабри

Категорија:Дишен систем Категорија:Анатомија на риби