Кардинал риба (лат. Pterapogon kauderni) е тропска риба која припаѓа на семејство Apogonidae. Поради својата убавина, оваа риба е една од најпопуларни и најбарани во аквариуми. Таа е една од ретки тропски риби што се одгледуваат.
Општи карактеристики Бангајски кардинал е единствениот член од свое семејство кој е активен во текот на денот. Тоа е тропска морска риба која формира стабилни јата од околу 9 единки во плитка вода, обично на длабочина од 1,5 до 2,5 метри. Населува различни плитки живеалишта, вклучувајќи корални гребени, корита со морска трева и отворени површини како што се песок и чакал. Ова се најчесто мирни живеалишта на заштитен дел од поголеми острови. Се јавува меѓу различни бентосни места како што се морски ежови, морски анемони и разгранети корали. Млади единки најчесто се поврзуваат со морски анемони, додека млади и возрасни единки најчесто се среќаваат со морски ежови со долги боцки и разгранети корали, морски ѕвезди, хидрозоани и корења од мангрови. Бангајски кардинал често коегзистира со различни риби, анемони и ракови. Кога се кријат меѓу корали и морска трева или кога ќе се најдат меѓу боцки на морски ежови, ги поврзуваме со неколку други родови кардинали.
Исхрана Овие риби не ловат храна, туку јадат планктон или копеподи кои доаѓаат до нив преку разни морски струи.
Женката игра активна улога во додворување и привлекување на мажјаци, што се случува неколку дена или часови пред време на миграција и парење. Парови обично се парат на неколку метри од група. Јајцата се со дијаметар од околу 2,5 милиметри. Младите остануваат во усна шуплина на мажјак сè додека не се изведат единки. За разлика од многу други видови морски риби, овој вид има краток животен век. Тој е четири години во оптимални услови и во ограничен простор а можеби и 1 до 2 години во дивина.
Размножување Кардинал е популарна аквариумска риба. Ги собираат локални рибари и ги продаваат во продавници за домашни миленици. Оваа риба успешно се одгледува во рибници. Поради зголемена трговија со овој вид ѝ се заканува истребување. МСЗП ја наведува како загрозен вид. Категорија:Аквариумски риби Категорија:Морски риби