десно|мини|Најотровната позната риба е Synanceia verrucosa. Тоа е предатор од заседа кој чека камуфлиран на дното. десно|мини|Високо видливата риба-лав користи отровни боцки околу своето тело како одбрана од грабливци. десно|мини|Uranoscopidae се закопува од вид. Може да предизвика електрични шокови, како и отров. десно|мини|Убодот на ража Отровните риби рибите кои во себе содржат силни мешавини од токсини кои се штетни по човековото здравје. Овие токсини се познати и како отров. Токсините може да се пренесат преку каснување, убод или боцкање, што резултира со труење. Спротивно на тоа, отровните риби исто така произведуваат силен токсин, но со самото количество на токсин кое го содржат, тие се отровни за јадење бидејќи човечкиот дигестивен систем не е способен да ги уништува токсините.
Постојат барем 1200 отровни видови на риби, при што само сомот придонесува со 250–625 видови од вкупниот број. Отровните риби се повеќе застапени отколку отровните змии, а всушност нивниот број е поголем и од вкупниот број на сите отровни ‘рбетници заедно. Отровните риби ги има низ целиот свет, но најмногу застапени се во тропските води. Овие видови повредуваат над 50.000 луѓе секоја година.
Отровот е сместен во отровните жлезди и преку различни начини тој се транспортира, преку боцки или остри перки, шилци и заби. Најчестиот начин за испорака на отров е преку грбни боцки. Отровните риби или имаат раскошни бои за да ги обесхрабрат предаторите, или вешто се камуфлираат. Освен вредноста на подобрената самоодбрана или капацитетот за убивање плен, на рибите што живеат на дното од некоја водена површина, отровот им помага за убивање бактерии кои инаку би можеле да ја нападнат нивната кожа. Малку од овие отрови се проучени. Тие се сè уште неискористен ресурс за пронаоѓање лекови со медицинска употреба.
Примери
Најотровната позната риба е Synanceia verrucosa. Има извонредна способност да се камуфлира меѓу карпите. Таа е предатор од заседа кој седи на дното чекајќи пленот да се приближи. Кога е вознемирена, наместо да отплива, таа крева 13 отровни боцки по грбот. За одбрана исфрлува отров од секоја или од сите боцки. Секоја боцка е како хиподермична игла, која го испорачува отровот од две вреќички прикачени на 'рбетот. Отровот резултира со силна болка, парализа и смрт на ткивото и може да биде фатален доколку не се лекува. И покрај својата импозантна одбрана, оваа риба има предатори. Некои морски змии што се хранат на дното и ајкули се хранат со нив, како и Hydrophis stokesii.
Риба-лав е отровна риба од коралните гребени. За разлика од камената риба, оваа риба може да испушти отров само ако нешто ги допре нејзините боцки. Рибата лав може агресивно да се нафрли врз нуркачите и да се обиде да им ја прободе маската за лице со своите отровни боцки.
Uranoscopidae се закопува и може да нанесе електрични шокови, како и отров. Тоа е деликатес во некои култури и може да се најде на некои рибни пазари.
Ражите со своето боцкање, предизвикуваат повреда, а ваквите последични труења често се случуваат кога луѓето се движат во плитка вода и газат по нив. Боцката обично се крши во раната но тешко е да се отстрани откако ќе се заглави во жртвата. Убодот предизвикува локална траума од самата рана, болка и оток од отровот, а можна е и подоцнежна инфекција од бактерии. Понекогаш може да резултира со пресечени артерии или смрт.
Друга многу позната отровна риба е Blenniiformes.
Противотров мини|Blenniiforme може да предизвика брзо и болно каснување. Отровните риби многу често се причинители за човечки повреди. Малку студии се направени за да се испитаат состојките на рибниот отров. Уште помалку студии се направени за да се создаде противотров. Категорија:Отровни риби Категорија:Риби