мини|250x250пкс|Pseudotropheus cyaneorhabdos Мбуна е вообичаено име за поголема група на африкански риби кои се застапени во езерото Малави и се членови на хаплохромин племето. Името мбуна значи „карпеста риба“. Тие се дел од семејството Cichlidae кои живеат меѓу купишта карпи и по должината на карпестите брегови на езерото Малави. Се верува дека скоро сите видови Cichlidae од езерото Малави, вклучувајќи ги Мбуните и останатите видови како што е Утаката, потекнуваат од еден или помал број на различни видови кои се изолирале во езерото. Со зголемувањето на нивото на водата, се овозможила колонизација на нови живеалишта. Многуте изолирани карпести изданоци овозможиле формирање на нови видови Мбуни. Нивните впечатливи бои, интригантните карактеристики на однесувањето и релативната издржливост ги прават популарни и покрај нивните специфични барања за чување во домашните аквариуми.
Мбуна во аквариуми лево|мини|230x230пкс|Иако многу хаплохромини имаат тенденција да бидат шарени кај мажјаците, а матни кај женките, двата пола на мбуна често имаат впечатлива боја. Овие Cichlidae се едни од најшарените слатководни риби за домашниот аквариум. Мбуните како територијални риби се карактеристични по својата агресивност. Соодветна аквариумска средина вклучува карпи, соодветна филтрација, пештери и скривалишта. Растенијата може да бидат искорнати, па затоа е најдобро во аквариумите да ги има во мали количини. Јаванската папрат, како вид на растение карактеристично за аквариумите, може да стане предмет на агресија на мбуните, но нефо јадат поради непожелен вкус.
Социјално однесување Мбуните воспоставуваат социјална хиерархија, со вклучување на добро дефинирани и наметнати територии. Доминантниот мажјак одржува сферична територија и на женките им дозволуваат да влезат на таа територија само за цели на размножување. Територијалните конфликти се главниот причинител за агресијата кај овој вид на риба. десно|мини|190x190пкс|Labidochromis caeruleus десно|мини|190x190пкс|Labidochromis десно|мини|190x190пкс|Iodotropheus sprengerae десно|мини|190x190пкс|Labeotropheus fuelleborni десно|мини|190x190пкс|Pseudotropheus десно|мини|190x190пкс|Женски M. auratus
Поврзано
Утака Cichlidae Аквариум
Наводи
Надворешни врски
|accessdate=03/17/2012 Info on keeping Malawi cichlids African Cichlid Genus Gallery Ad Konings biography Категорија:Риби