Rastrineobola argentea е риба позната под многу имиња, едно од попознатите имиња е сардина на езерото Викторија и претставува вид на пелагична, слатководна зракоперка која потекнува од семејството Danionidae од Источна Африка.
Опис Во должина, оваа мала риба чие тело е силно и компресирано, покриено со големи бисерни лушпи и жолта опашка, достигнува до 9цм. Латералната линија е под средната точка на телото и се протега до долниот дел од каудалниот педункул. Образот е покриен со деликатни суборбитални коски.
Распространетост Rastrineobola argentea е карактеристичен за повеќе езера, меѓу кои се наоѓаат:
Кјога; Набугабо; Викторија.
Биологија Овој вид на риба е карактеристичен за пределите на езерото Викторија, но тој е присутен низ целото езеро, притоа опфаќајќи го и самото крајбрежје на ова езеро. Претежно, се наоѓа во подлабоките предели на самото езеро. За возрасните риби е карактеристично тоа што преку ден се наоѓаат близу дното, а навечер се издигнуваат на самата површина. Во езерото Кјога, овој вид се наоѓа во отворена вода. Главно, овој вид на риба се исхранува со зоопланктон и инсекти кои успеваат да ги фатат на површините од езерото. Покрај овие два типа на храна со кои се исхранува оваа риба, карактеристично за нејзината храна е тоа што се храни и со птици и сом. Размножувањето се одвива во два циклуса, првиот е во август, а вториот во декември-јануари. Друга специфична карактеристика за овие риби е тоа што тие растат прилично брзо.
Rastrineobola argentea е пример за автохтон вид риба кој го има во изобилство во езерото Викторија.
Риболов мини|Оваа риба се производува во илјади тони од 1976 до 2022 година, според податоците на ФАО Постојат повеќе риби кои се карактеристични за риболов во езерото Викторија, а овој вид на риба се лови со помош на светлина за време на ноќите без месечина.
Храна мини|Жена продава Rastrineobola argentea на бреговите на река во Кано Кисуму алт=Meal of Omena, Veg and Ugali|мини|Оброк од Rastrineobola argentea, зеленчук и Угали. Видовите на риби кои се застапени во езерото Викторија, се важен дел од исхраната на луѓето во источна и јужна Африка. Ловењето на риба е возможно само во текот на ноќите кога нема месечина, а наутро уловената риба се продава на жени кои подоцна ја сушат со помош на сонцето. Најбогатите улови се прават во дождовната сезона кога сушењето е тешко и ова се резултира со понизок квалитет на сушениот производ. Иако во овие периоди има низок квалитет на оваа риба и тој се употребува како храна за кокошките. Сушењето често се прави на песок, на камења или на стари мрежи распослани на тревата. По пакувањето на сушената риба во вреќи, трговците ја носат на пазар. Главен пазар на големо за сушена Дагаа (вид на риба) е во Мванза, Танзанија и Кисуму, Кенија, од каде пак се транспортира низ цела источна и јужна Африка. Сушената риба во однос на производството и побарувачката, се натпреварува со сушената капента, која е поскапа.
Наводи
Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби