Димитар Тодороски е македонски историчар роден на 09.11.1994 година во Скопје. Средното образование го завршил во гимназијата: „Раде Јовчевски – Корчагин“. По завршувањето на дипломските студии при Филозофскиот факултет во Скопје – Институт за историја (Универзитет „Св. Кирил и Методиј“), станува магистер по историски науки на истиот факултет во 2023 година под менторство на проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.

Покрај работата како историчар, Тодороски е основач на младинскиот културен проект „Млади за Скопје“.

Димитар Тодороски ја издава својата прва монографија: „Врховистите и македонското револуционерно движење (1903-1905)“ во 2025 година.

Наводи