Живоин "Жика" Лазиќ (срп. Живојин Лазић; 12 февруари 1876 – 7 ноември 1958) бил српски и југословенски политичар. Тој бил првиот бан на Вардарската Бановина од 9 октомври 1929 до 1932 година, како и министер за внатрешни работи од 2 јули 1932 до 20 декември 1934 година.
Биографија Потекнувал од таковскиот крај и бил правник по струка. Обавувал повеќе полициски функции во предвоената полиција во Кралството Србија – од писар до инспектор и окружен началник.
мини|лево|Насловната страна на Политика од 14 јули 1928 за атентатот на Жика Лазиќ На 13 јули 1928 год., по наредба на Ванчо Михајлов, терористот на ВМРО Иван Момчилов извршил неуспешен атентат на Жика Лазиќ. Момчилов влегол во неговиот кабинет во Белград, се обидел да го застрела во главата, а потоа извршил самоубиство.
Бан на Вардарската Бановина Живојин Лазиќ бил прв бан на Вардарската Бановина. На таа функција бил поставен со указ од 9 октомври 1929, а негови помошници биле Милан Николиќ, пота Драгомир Тодоровиќ и од април 1931 Јаниќије Красојевиќ. Во Скопје пристигнал со воз во декември 1929, а го дочекале скопскиот градоначалник Јосиф Михајловиќ, генералот Катаниќ, командант на Граничните трупи, мноштво граѓани и селани од околните села. Лазиќ брзо се уходал во новата должност, бидејќи добро ги познавал овие краеви. Во текот на мај и јуни 1930 обавил две инспекциски патувања низ Вардарската Бановина, ветувајќи успат помош на просветните и здравствените установи, старите занаети и најавувајќи итни поправки на патиштата, пошумување на голините и др.
За време на мандатот на Лазиќ, Повардарието го погодило силен земјотрес во март 1931, па така банот имал и доста вонредни активности. Тој во февруари 1932 на барање на маршалот на дворот направил фото-албум на погодените места, кои подоцна по кралски налог биле обновени со помош на војската и цивилни мајстори и работници.
Наводи
Извори
Категорија:Југословенски политичари