Ctenolucius hujeta, или слатководна баракуда — вид слатководна зракоперка што припаѓа на семејството Ctenoluciidae. Оваа риба се наоѓа во Панама и северна Јужна Америка.
Таксономија Ctenolucius hujeta првпат била формално опишана како Xiphostoma hujeta од француски зоолог Ахил Валенсиен во том 22, која била објавен во 1850 година. Типската локација била дадена како реките од сливот на езерото Маракаибо во Венецуела. Името на родот Xiphostoma било предложено во 1829 година од Луј Агасиз, но ова име било искористеново 1828 година за редот на инсекти Hemiptera. Сепак, во 1861 година, Теодор Гил го предложил новиот моноспецифичен род Ctenolucius за овој вид.
Опис Ctenolucius hujeta има и грбна и анална перка, на 10 или 11 меки зраци. Има издолжено тело со максимална стандардна должина од 26 цм. Овој вид се разликува од својот сроден вид, C. beani, по тоа што нема хоризонтални линии на телото, или доколку се веќе присутни, се многу нејасни. Сепак, некои поголеми примероци може да покажат појасни линии од помалите. Исто така, постојат разлики во бројот на скелети и лушпи.
Распространетост и живеалиште Ctenolucius hujeta живее во северниот дел од Јужна Америка, во сливовите на реките Магдалена, Каука и Сину во Колумбија и во дренажниот систем на езерото Маракаибо во Венецуела. Може да се најде во реки, потоци, поплавни рамнини, езера и мочуришта.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Риби