Модар сом или син сом (Ictalurus furcatus) ― голем вид северноамерикански сом кој достигнува должина од 170 цм и тежина од 65 кг. Најголемиот сом на континентот, може да живее до 20 години, а една вообичаена риба е помеѓу 64-117 цм и 14-32 кг. Автохтоната распространетост е првенствено во дренажните системи на реката Мисисипи и државата Луизијана, вклучувајќи ги реките Мисури, Охајо, Тенеси и Арканзас, Де Моин во јужносредишна Ајова, Рио Гранде и јужно по должината на брегот на Мексиканскиот Залив до Белиз и Гватемала.

Како сештојаден грабливец, тој бил воведен во голем број резервоари и реки, особено езерата Санти Купер во езерото Марион и езерото Мултри во Јужна Каролина, реката Џејмс во Вирџинија, езерото Пауертон во Пекин, Илиноис и езерото Спрингфилд во Спрингфилд, Илиноис. Исто така, среќаван е во некои езера во Флорида.Hook and Bullet website, at http://www.hookandbullet.com/fishing-lake-placid-placid-lakes-fl/ .

Модриот сом може да трпи солена вода и затоа може да колонизира по должината на внатрешните водни патишта на крајбрежните региони.Graham, K. (1999) "A review of the biology and Management of Blue Catfish." American Fisheries Society Symposium 24:37–49 Сметан е за инвазивен во некои области, особено во естуарот Албемарл и заливот Чесапик.National Oceanic and Atmospheric Administration "Bay Invaders: The Blue Catfish Fishery." Посетено на 27 ноември 2025.

Еволуција Модриот сом веројатно е директен потомок на Ictalurus lambda, праисториски сом кој ги населувал средишните и јужните делови на денешните Соединети Држави за време на плиоценот. Коските на I. lambda многу личат на оние на I. furcatus, освен неколку мали разлики.

Идентификација мини|Модар сом во аквариум. Модриот сом често погрешно е идентификуван како каналниот сом. Модриот сом има густо тело, синкаво-сива боја и има дорсална грпка.Catfish in Lake Ouachita Посетено на 27 ноември 2025 Најдобар начин да биде направена разлика помеѓу канален сом и модар сом е да биде изброен бројот на краци на аналната перка. Модриот сом има 30-36 краци, додека каналниот сом има 25-29. Модриот сом има и мрена, длабоко разгранета опашка и испакната горна вилица.

Додека возрасните син сом обично растат само до околу 60 цм, забележано е дека растат до најмалку 1,5 м во должина, па дури и тежат повеќе од 45 кг. мини|Модар сом во аквариумот „Одиси“.

Исхрана Модриот сом е опортунистички грабливец, јадејќи секаков вид риба што може да ја фати (вклучувајќи канибализам), заедно со инсекти, ракчиња, ракови, слатководни школки, црви, жаби и други лесно достапни водни извори на храна. Видот е познат по тоа што лови повредени риби под нападнатите јата пругасти лавраци во отворена вода во резервоари и се храни со ранети риби-мамки што минале низ преливниците на браните или турбините за производство на електрична енергија. Тој е еден од ретките видови риби во сливот на реката Мисисипи што може да јаде возрасен азиски крап.

Население Модриот сом е високо размножувачки вид, кој се мрести еднаш годишно од мај до јуни. Женките можат да створат 1.000 до 2.000 јајца на килограм од телесната тежина, што значи еден модар сом од 9 кг, може да створи до 40.000 јајца.

Како инвазивен вид мини|Костур на модар сом (Музеј на остеологија). лево|мини|Модар сом. Способноста на модриот сом да трпи широк спектар на климатски услови и солена вода му овозможила да напредува во реките, езерата, притоките и заливот Чесапик во Вирџинија. За жал, релативно ниската стапка на смртност, големата големина на телото, широкиот спектар на видови што се пленуваат и успехот како грабливец резултираа со тоа што синиот сом е сметан за проблематичен инвазивен вид во Вирџинија. Од нивното воведување во водите на Вирџинија во 1970-тите,Greenlee, R. S., and C. N. Lim. населението на модриот сом избувнало. Неодамнешните студии за електрориболов, документираат стапки на фаќање над 6.000 риби на час, додека студиите од автохтониот опсег покажуваат врвни стапки на фаќање со електрориболов од 700 риби на час.Boxrucker, J., and K. Kuklinski. Јасно е дека модриот сом е навладејувачки вид во слатководните и солените делови на плимните реки во Вирџинија. Било сметано дека воведувањето на модриот сом во плимните реки во Вирџинија, има негативно влијание врз преселничките <i>Alosa sapidissima</i>, синогрбната харинга и <i>Alosa pseudoharengus</i>; сепак, покажано е дека грабливстово на овие видови од страна на модриот сом е минимално. Истражувачи од Технолошкиот институт во Вирџинија откриле дека видот е претежно тревојаден и сештојаден, со исхрана што се состои главно од Hydrilla и азиски школки, кои се инвазивни во заливот Чесапик. Синиот рак, највредниот вид во заливот Чесапик, исто така бил пронајден во исхраната со одредена регуларност.

Уловена риба-рекордер Светски рекорд во риболов бил поставен во 22 мај 2005 година, со модар сом од 56,2 кг, фатен во реката Мисисипи,Blue catfish receives world record status from the IGFA Посетено на 27 ноември 2025IDNR Announces World's Largest Blue Catfish Caught Посетено на 27 ноември 2025 надминувајќи го примерокот од 55,1 кг од езерото Тексома во Тексас.

На 18 јуни 2011 година, модар сом од 64,9 кг бил уловен од езерото Кер, на границата помеѓу Вирџинија и Северна Каролина. На 22 јуни 2011 година, Одделот за дивеч и внатрешен риболов на Вирџинија го сертифицирал како нов државен рекорд.Dixon, Julia (22 јуни 2011) News Release 143-Pound Blue Catfish Certified as State Record. Рибата имала должина од 145 цм и обем од 120 цм.

Рекордот со риболовен конец е модар сом од 48,5 кг на испитен уплетен конец од 6,8 кг, кој бил фатен на 5 јуни 2015 година, на реката Потомак, користејќи колбас со кружна кука.

Поврзано

Рамноглав сом (Pylodictis olivaris), уште еден многу голем северноамерикански сом Каналски сом (Ictalurus punctatus), вид на северноамерикански сом тесно поврзан со синиот сом

Наводи

Дополнителна литература

Џонсон, Рајан (2015). Ryan Believes Everything He Reads. Аламогордо, Тексас: Penguin Publishing. ISBN 0-123456-78-9.

Надворешни врски

Информативен лист за модриот сом. USGS Записи за модриот сом.

Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Слатководни риби на Северна Америка Категорија:Риби опишани во 1840 Категорија:Слатководни риби во југоисточните Соединети Држави Категорија:Ictalurus Категорија:Риби во Северна Америка