Mobula yarae е вид на ража од семејството Mobulidae. Овој вид на ража е еден од најголемите со должина 5-6 метри. Нејзиното живеалиште е Атлантскиот Океан, од североисточниот дел на Америка до југоисточен Бразил, вклучувајќи го Мексиканскиот Залив и Карипските острови.

Разлики измеѓу атлантските популации на Mobulidae и M. birostris, кои се вклопуваат во опсегот, се пронаоѓаат барем од 2009 година, но целосно специфично име не и е дадено сè до 2025 година. Специфичното име, yarae, е во чест на Јара, „мајката на водите“, преубава фигура карактеризирана како химерична сирена, делумно жена, полу риба во митологијата на Гварани и Тупи.

Филогенеза Букаир и неговите соработници во описот од 2025 година, користеле митохондриска и јадрена ДНК од сите видови Mobula за да ги проверат филогенетските врски на родот. Нивните анализи со сигурност го поврзале со Mobulidae, M. alfredi и M. birostris. Категорија:Ражи