мини|Атлантска пуфинка со клун полн со песочни јагули Песочна јагула е најчесто употребувано име што се користи за значителен број видови риби. Иако не се вистински јагули, тие се слични на јагула по изглед и можат да пораснат и 30 цм во должина. Многу видови се наоѓаат покрај западните брегови на Европа од Шпанија до Шкотска, како и во Средоземното и Балтичкото Море.
Песочните јагули се важен извор на храна за морските птици, вклучувајќи ги пафините. Тие се комерцијално важни за производство на рибино брашно и сочинуваат 4% од рибите глобално уловени за производство на рибино брашно помеѓу 1997 и 2001 година.
Живеалиште Живеалиште на песочните јагули е дното на морското дно, со релативно мазно дно од чакалест песок, таков пример за вакво одлично живеалиште е дното на Хебридското Море.
Видови песочна јагула Повеќето песочни јагули се морски риби од родовите Hyperoplus, Gymnammodytes или Ammodytes. Трите рода наведени погоре спаѓаат во семејството Ammodytidae. Членовите на овие родови што се наоѓаат во други океани обично не се нарекуваат песочни јагули, а видовите од други делови на светот што се познати како песочни јагули обично се помалку тесно поврзани.
Комерцијален риболов Спорред традицијата, тие малку биле експлоатирани за човечка храна, но претставуваат главна цел на индустрискиот риболов за добиточна храна и ѓубрива. Исто така, се смета дека зголемениот риболов за нив предизвикува проблеми за некои од нивните природни предатори, кои ги ловат во подлабоки води.
Пример за ова бил извештајот на RSPB во кој се поврзува намалувањето на популацијата на морските птици во Северното Море со риболовот на песочни јагули. Ова довело до политички притисок за затворање на овој риболов; популациите на морските птици последователно се зголемиле.
Тие се користат и како жива мамка за фаќање риби.
Поврзано
Влијание на риболовот врз животната средина
Наводи
Категорија:Риби