Плати рибата е слатководна риба и овој вид на риба претставува жива риба. Плати рибите се застапени на источниот брег на Средна Америка и јужните предели на Мексико. мини|Виножито Плати (мажјак) Од оваа риба, познати се два вида (Xiphophorus maculatus и Xiphophorus variatus) кои се вкрстени и многу тешко се разликуваат. Поголем дел од плати што се продаваат за чување во аквариуми, се хибриди од двата вида.
Xiphophorus variatus Xiphophorus variatus е вид аквариумска риба која достигнува максимална должина до 7 сантиметри. Во природните живеалишта, овие риби имаат маслинеста боја со црни мермерни дамки или точки, кои се особено карактеристични за страничниот дел на опашната перка.
За разлика од некои други членови на родот Xiphophorus, кај Xiphophorus variatus не се јавува канџа на врвот на зракот. Четвртиот прентен зрак е добро развиен и содржи јасно изразени септички.
Телесната структура се одликува со 20 до 24 странични лушпи, 10 до 12 грбни зраци, како и два реда вилични заби, што е карактеристична особеност на овој вид.
Аквариум
За Платите се карактеристични повеќе бои, како што се црвена, жолта, портокалова, сина, виножито (комбинација од повеќе бои) и бела.
Доколку параметрите на водата во која живеат Платите се задоволени, нивниот животен век е околу 3 години.
Наводи
Категорија:Плати (риба) Категорија:Риби