„Маски“ — збирка раскази на словенечкиот писател Тоне Селишкар.

Содржина Македонското издание на збирката содржи 17 раскази:Тоне Селишкар, Маски. Култура, Скопје, 1975. Приказна за тврдоглавата и умна маска Приказна за маската што ги спаси партизаните Весела приказна за маската Тажна приказна за масата За маската што се напила ракија Бувка Маската и стршените Маската во пропаст — маската од пропаст Маската и десетте милиони Јака и Чеча Партизанот Јака, мечката и маската Мишка Партизанската маска и пионерите Кривка За маската што беше стрвна за сол Маската и покладниот вторник Пионерот Јакец и неговата маска

За делото Збирката го опишува односот меѓу луѓето и животните, односно улогата на маските во партизанското движење за време на Втората светска војна. На пример, маската Муки е заробена, но успева да побегне од непријателот и да ја донесе храната кај партизаните, спасувајќи ги од гладот; исто така, маската Срна ги спасува партизаниет во најкритичниот миг; маската Лиза го спасува партизанскито баталјон од пропаст; маската Циганка го спасува масководецот Цене и со него заробуваат непријателско оружје; маската Бистра го спасува масководецот Кавел по цената на својот живот; маската Бувка ги клоца непријателите, го спасува масководецот Рафел од заробеништво и ја зачувува драгоцената партизанска пошта; а маската Шпела спасува десет милиони динари.К. К., „Тоне Селишкар: Маски“, во: Тоне Селишкар, Маски. Култура, Скопје, 1975, стр. 119.

Изданија на македонски јазик Издание на „Култура“ од 1975 година. Преводот го извршил Круме Кепески, а нацртот на корицата е дело на Димитар Кондовски. Книгата била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во Скопје и служела како лектира за шесто одделение според наставниот план и програмата во основните училишта во СР Македонија. Таа има 120 страници и не е каталогизирана.Тоне Селишкар, Маски. Култура, Скопје, 1975, стр. 120.

Наводи

Категорија:Дела на Тоне Селишкар Категорија:Детска книжевност Категорија:Словенечки раскази Категорија:Изданија на Култура