Никола Митков () — македонски шахист.
На 11 декември 2019 година Никола Митков бил вториот македонски играч со рејтинг Ело од 2 508 бода.
Митков живее во Чикаго каде што работи како тренер.
Животопис и кариера Митков ја претставувал Југославија двапати на Светското јуниорско првенство во шах и на Европското јуниорско првенство во шах. Во 1990 годинаго го победил Русинот Владимир Крамник.
Велемајстор станал во 1993 година, а во 1994 година го освоил турнирот во Ница.
Во 1996 година Никола Митков го освоил турнирот „Капабланка Меморијал Б“ во Сиенфуегос. Во 1998 година, заврши израмнет на второто место на отвореното првенство Салсомаџоре Терме, кое што го освоил Иван Фараго.
Го освоил Македонското првенство во 2002 година со 10 постигнати поени во тринаесет натпревари.
Во 2002 година, го освоил Отвореното првенство на Северна Америка во Лас Вегас со 5 поени од 6 партии, изедначен со Илдар Ибрагимов. Во 2003 година, го освоил Отвореното првенство на Нова Горица, изедначен со Неведничи и Павасовиќ.
Во декември 2005, бил поразен во полуфиналето на меморијалот Карлос Торе во Мерида, Мексико од Лазаро Брузон.
Го делешл 1 до 3 место на Отвореното првенство на Санто Доминго (Копа АЕС Доминикана) во 2010 година со Јан Елвест и Хулио Бесера Риверо.
Во 2011 година, завршил 17. на Отвореното првенство на САД. Во 2012 година, бил 2. до 8. на годишното Отворено првенство во Чикаго со 6,5 поени од 9 партии. Во мај 2013, го делел 1. до 3. место на отвореното првенство во Чикаго со 7 поени од 9.
Во 2016 година, Митков го освоил Меѓународниот турнир Алахуела во Костарика (7/9). Во 2019 година, го освоил Копа Боливар во Картахена, Колумбија, и Стандардниот турнир во Минесота.
Екипни натпревари Никола Митков ја претставувал Македонија на десет олимпијади од 1994 до 2014 година, играјќи на првата табла шестпати (од 1994 до 2000 година, во 2004 и 2006 година) и постигнувајќи 52 поени во 101 партија. Во 2000 година, освоил индивидуален бронзен медал на Европскиот шаховски клупски куп.
Тој, исто така, учествувал на Европското првенство во шах со Македонија од 1997 до 2003 година, и повторно во 2007 и 2009 година. Во 2001 година, учествувал на Светското екипно првенство во шах (на првата табла).
Поврзано Шаховско првенство на Македонија
Наводи
Категорија:Шаховски велемајстори Категорија:Македонски шахисти Категорија:Шаховски прваци на Македонија