мини|Речиси празен диспензер за течен сапун Reeva кој се продава како „антибактериски“ со активна состојка хлороксиленол, обично за употреба при миење на садови и на раце во кујните. Антибактериски сапун — сапун кој содржи хемиски состојки за кои наводно помагаат во убивањето на бактериите. Поголемиот дел од антибактериските сапуни содржат триклосан, иако се вообичаени и други хемиски адитиви. Ефикасноста на производите означени како антибактериски е оспорена од некои академици, како и од Американската администрација за храна и лекови (FDA).
Историја Најраниот антибактериски сапун бил карболенскиот сапун, кој содржел до 5% феноли (карболна киселина). Стравот за безбедноста на хемиските компоненти на карболниот сапун на кожата довел до забрана за користење на некои од овие хемиски компоненти. Триклозанот и другите антибактериски агенси долго време се користеле во комерцијалните средства за чистење на болници и други здравствени установи, а почнале да се користат и во средства за чистење на домот во текот на 1990-тите години.
Состојки Триклозанот и триклокарбанот се најчестите соединенија кои се користат како антибактериски состојки во сапуните. Сепак, други вообичаени антибактериски состојки во сапуните вклучуваат бензалкониум хлорид, бензетониум хлорид и хлороксиленол.
Наводи
Категорија:Антибиотици Категорија:Сапуни