„Тројцата дебелковци“ (руски: Три Толстяка) — роман за деца на рускиот писател Јуриј Олеша. Романот бил напишан во 1924, а објавен во 1928 година. На македонски јазик бил објавен во 1961 година од издавачкото претпријатие „Кочо Рацин“, како прва книга во рамките на библиотеката „Галеб“. Преводот го извршил Цветко Мартиновски, а книгата била испечатена во печатницата „Нова Македонија“ во јануари 1961 година, во тираж од три илјади примероци.Јуриј Ољеша, Тројцата дебелковци. „Кочо Рацин“, Скопје, 1961.
Содржина
Прв дел. Тибул, врвачот по тел Прва глава. Беспокојниот ден на докторот Гаспар Арнери Втора глава. Десетте бесилки Трета глава. Плоштад на ѕвездата
Втор дел. Куклата на наследникот Тути Четврта глава. Чудното доживување на продавачот на балони Петта глава. Црнецот и главата од зелка Шеста глава. Непредвидена околност Седма глава. Ноќта на чудната кукла
Трет дел. Суок Осма глава. Тешката ролја на малата артистка Деветта глава. Куклата со добар апетит Десетта глава. Кај ѕверовите
Четврти дел. Оружникот Просперо Единаесетта глава. Пропаста на слаткарската работилница Дванаесетта глава. Учителот за танци Едендватрис Тринеасетта глава. Победа Епилог
Наводи
Категорија:Дела на Јуриј Олеша Категорија:Детска книжевност Категорија:Руски романи Категорија:Советски романи Категорија:Изданија на Кочо Рацин Категорија:Појавено во 1961 година во Македонија Категорија:Книги од 1928 година