Свети Ѓорѓи — стара гробишна црква во тетовското село Милетино, Македонија.
Веднаш до старата гробишна црква бил подигнат нов поголем црковен храм, а според извршениот мониторинг на ИКОМОС Македонија во 2023 година, црковниот одбор има искажано намера да ја урне црквата.
Местоположба
Црквата се наоѓа западно од селото, а околу црквата се наоѓаат селските гробишта.
Историја
Според истражувачот Јован Трифуноски, оваа мала црква била подигната во 1926 година. Во минатото, на ова место се наоѓале старите православни гробишта, а подоцна се создадени и новите православни гробишта.
Архитектура
Градбата на црквата е еднокорабна. Источната страна завршува со полукружна апсида, а покривот е изведен на две води. Има два прозорски отвора на јужниот и северниот ѕид и е целосно малтерисана.
Фрескоживопис
Во црквата има фрагменти од ѕидно сликарство само во олтарната апсида без уметнички вредности.
Галерија
Поврзано Тетовско архијерејско намесништво Милетинска парохија Милетино
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија