мини|225x225пкс|Минијатурна кутија од Холуј што го прикажува градот Суздаљ Холујска минијатура ― руска ракотворба, минијатурно сликарство, изработена со темпера на лакирана кутија. Оваа форма на руска лакирана уметност ја изработуваат исклучиво ученици од училиштето Холуј.
Училиштето за сликање икони „Холуј“ било основано во 1883 година. По руската револуција, работилниците за сликање икони биле затворени. Во 1930-ти години, група уметници формирале здружение за да отворат работилница за уметност, а ново училиште било отворено во 1943 година. Темите за Холујските минијатури варираат од руски бајки, на пример Снегурочка, до приказ на градови.
Холујските минијатури се чини дека се помалку ограничени од традицијата отколку Палех минијатурите, минијатурите на Федоскино и Мстјора. Уметниците на Холуј го нагласуваат тоналниот состав на пејзажите. Нивната палета на бои претежно се одликува со жолта, портокалова, црвена, кафеава и богати нијанси на сина и зелена боја. Контрастните комбинации на топли и ладни тонови се карактеристична црта на сликарството со лак од Холуј.
Наводи
Категорија:Руски ракотворби