мини|Јоруба маж во Агбада Агбада е лелеава наметка што традиционално ја носат луѓето од народот Јоруба низ Западна Африка. Доаѓа заедно со внатрешен материјал со различна должина, а исто така доаѓа и со долна облека во форма на панталони наречени Шокото. Исто така, најчесто се носи со различни капи како што се фила или абети аџа. Традиционалните јоруба монистра често се носат заедно со неа. Агбада е машка облека што се носи на посебни настани и во секојдневниот живот, во зависност од екстравагантноста на облеката. Тоа е посебна наметка што се носи во различни стилови и дизајни.
Многу Агбади се направени од ткаенина наречена асо оке или асо офи, но можат да бидат изработени и од други различни ткаенини, вклучувајќи го и адире. Агбадата е донекаде слична на бубуто/бабанрига, но се разликува по изглед, по стил, по форма, по ткаенини и по материјали што се користат и се поприлично препознатливи. Агбадата обично содржи вез од јоруба, заедно со Гранд јазолот што потекнува од културата на јоруба. Агбадата е една од облеките на мажите од јоруба, заедно со други како Гбарие, Сулија, Ојала, Кембе. Гбарие е слична по изглед како Агбадата и многу пати се смета за еден вид Агбада.
Историја Агбада е машка облека која што се состои од четири дела што се наоѓаат кај Јоруба од југозападна Нигерија, Того и Република Бенин, Западна Африка.
Се состои од голема, слободно леалева надворешна наметка (авосоке), подметач (авотеле), долги панталони (сокото) и шапка (фила).
Надворешната наметка— од која облеката го добива името Агбада, што значи „обемна облека“— е голема, опуштена облека која што е долга до глуждовите. Кај која централниот дел обично напред и назад е покриен со разработен вез.
До 1772 година, Агбадата била препознатлива како ткаенина изработена во народот Јоруба, каде што ја покажува занаетчиската работа на ткајачите од народот Јоруба, особено во производството на Асо-Оке, рачно ткаена ткаенина што се користела при нејзиното создавање.
За време на врвот на империјата Ојо околу 1772 година, која владеела со поголемиот дел од денешна југозападна Нигерија и пошироко, Агбадата била повеќе од локална облека. Често била подарувана на соседните владетели, вклучувајќи го и народот од Дахомеј (денешен Бенин), кој во тоа време бил под влијание на империјата на Ојо. Оваа културна размена помогнала да се зацврсти доминацијата на модата, уметноста и политиката на Јоруба низ целиот регион.
Подарувањето на Агбадата на народот Дахомеј под империјата Ојо симболизираше повеќе отколку само мода - тоа било дипломатски гест, нагласувајќи ја моќта и досегот на империјата Ојо, како и интеграцијата на културните елементи на Јоруба во поширокиот политички пејзаж на Западна Африка.
Спротивно на познатото верување, Агбадата не била воведена ниту пак увезена од регионот Сахел. Историските записи од 1826 година документираат дека Агбадата изработена во Јоруба се сметала за супериорна по квалитет и дизајн во споредба со облеката од Сахел. Оваа разлика е важна, бидејќи Агбадата, иако дели некои широки сличности со Јо во однос на леавиот дизајн, не треба да се меша со неа. Агбадата претставува уникатен и сложен дел од наследството на Јоруба, издвојувајќи се по својата софистицираност, симболика и изработка, демонстрирајќи ја напредната текстилна уметност на Јоруба многу пред надворешните влијанија да стигнат до регионот. мини|Јоруба маж во Гбарие Категорија:Нигериски носии Категорија:Култура Категорија:Јоруба Категорија:Народни носии