мини|Индио пикаро мини|Индио пикаро кога ќе се подигне Индио пикаро — традиционална дрвена чилеанска статуетка што се однесува на Мапуче, индијанец со широка насмевка која, кога телото е подигнато покажува еректиран пенис или влакна во тој дел од телото. Индио пикаро се наоѓа во традиционалните занаетчиски продавници во јужно-централниот дел на Чиле. Обично е направен од дрво и генерално се смета за подарок или шега, а понекогаш и како декорација.
Некои извори наведуваат дека статуетката индио пикаро била создадена во 1980 година од Хорхе Медина Рамирез, самоук занаетчија кој заедно со своите пријатели, и како предизвик за својот шеф, морал да направи прилагодена копија од кукла на Апачи така што би ги криела нивните „атрибути“ под прекривка, со цел да ја испрати како шега на својот пријател во Сантијаго. Со текот на времето стекнала слава, Медина добил голем број нарачки и решил да произведе серија од овие статуетки.
Во 1990 година, потпретседателот на Соединетите Американски Држави, Ден Квејл, купил неколку од овие статуи во Казабланка, што било забележано од чилеанскиот и странскиот печат. На крајот, статуетката станала позната на меѓународно ниво, па дури и се појавила во Белата куќа.
Овие статуетки, кои генерално не надминуваат 15 сантиметри во висина, почнале да се продаваат во Сантјаго во раните 1990-ти години, и брзо станале популарни. Општинскиот пазар Темуко продавал големи количества на овие фигури поради нивниот идентитет со народот Мапуче; на овој пазар може да се најдат резбани фигури кои надминуваат 1,5 метри во височина. Хуморот на статуетката делумно лежи во фактот дека она што на прв поглед изгледа како рачна изработка на домородни луѓе од пред времето на Колумбо, рачно изрезбана, кога се крева (за подобар поглед на делото) го „изненадува“ гледачот откривајќи ги гениталиите на статуата - и причината за палавата насмевка на Индијанецот.
Наводи
Категорија:Чилеанска култура Категорија:Ракотворби