десно|мини|Пар намаксин Намаксин се традиционални корејски дрвени чевли направени за носење во калливи и дождливи услови.

Постоела заблуда дека овие традиционални дрвени чевли не потекнувале од Азија, туку од Холандија, но всушност најстарите наоѓалишта на вакви чевли потекнуваат од периодот на Трите кралства во Кореја. Тие биле слични на гета, јапонски дрвени чевли. Тие намаксин се нарекувале „пјонгкук (平屐)“. Се претпоставува дека дрвените чевли од Пекче биле однесени во Јапонија и таму станале основа за јапонската гета.

Дрвените чевли во Пекче имале три отвори слично како гета, но дрвените чевли во Сила имале пет отвори. Не е познато како тогаш луѓето ги врзувале ремените. Во периодот на Трите кралства, имало два вида дрвени чевли: чевли со отворени прсти и чевли со тесни прсти. Со текот на времето, вторите станале примарни како намаксин. Овие чевли ги носеле Корејци од сите возрасти и општествени позиции, обично во дождливите сезони.

Наводи

Литература Илустриран водич за корејската култура - 233 традиционални клучни зборови. Сеул: Издавачка куќа „Хакгоџае“ 2002. стр. 138–139. ISBN 9788985846981 „Култура“. EPIK. Np, nd Web. 20 септември 2013 година. „Холандски кломпи“. Енциклопедија Хачинсон. Абингтон: Хеликон, 2013. Credo Reference. Веб. 29 септември 2013. ДеМело, Марго. Стапала и обувки: Културна енциклопедија. Санта Барбара, Калифорнија: Гринвуд/ABC-CLIO, 2009. Печатено издание.

Категорија:Чевли Категорија:Корејска облека