мини|Папучи Ахенема Ахенема се традиционални, кралски влечки што ја носеле кралевите, кралиците и децата од етничките групи Акан, Га и Еве во Гана. Оваие традиционални влечки почнале да ја носат сите на настани како што се фестивали, погреби, свадбени церемонии и цркви.
Историја Ахенема датираат од 18 век за време на владеењето на Асантехене Осеи Квадво и Асантехемаа Конаду Јадом. Во минатото, Ахенемата ја носеле луѓе од кралско потекло и честопати била именувана по кралот. Методот на именување подоцна бил променет и Ахемемата била именувана по децата на кралот. Ова било затоа што името на кралот не требало да се споменува залудно, па оттука и името Ахенема, што се преведува како кралски деца.
Видови Постоеле два вида на Ахенема. Првиот е „Асансан туо“, со закривена форма, а другиот е „Атине“, со права форма и го носат поглаварите.
Наводи
Категорија:Африканска облека