мини|250x250пкс|Шитал пати од Ѓугумари. Куч Бехар, Западен Бенгал Шиталпати (), исто така наречен ситал пати ― вид на подлога која е природно ладна. Изработена е од растенијата мурта (Schumannianthus dichotomus). Обично се користи во Бангладеш и индиската држава Западен Бенгал. Подлогите со декоративни дизајни се нарекуваат накши пати.

Ситалпати се прават од трска или од растенијата мурта, познати во различни места со различни имиња. Растението мурта расте околу вода во Силет, Сунамганџ, Барисал, Тангаил, Комила, Ноахали, Фени и Читагонг. Накши пати, што се прави од растенијата мурта, се достапни само во областите Силет и Ноахали во Бангладеш. Во Индија, шитал пати се произведува во северниот округ Куч Бехар, во државата Западен Бенгал. Меѓу областите на Куч Бехар, каде што се ткаат шитал пати, важни центри се Сагарешвар, Гугумари и Пашнаданга.

Признавање УНЕСКО ја има признаено традиционалната уметност на ткаење шитал пати од Силет и ја вклучил во репрезентативната листа на нематеријалното културно наследство на човештвото.

Поврзано

Накши канта, декоративни јоргани направени од ткаенина

Наводи

Надворешни врски

Шитал пати од Асам Шитал пати во Бангладеш  Категорија:Силет (област) Категорија:Бангладешка култура Категорија:Статии со извадоци