мини|Жена со нгоб, пловечки пазар Дамноен Садуак Тајландска шапка или нгоб () — традиционална шапка што се користи во Тајланд. Посложена по дизајн од сродната азиска конусна капа, оваа шапка е направена од листови од палма, поставени врз плетена рамка од бамбусови ленти. Рамката вклучува внатрешна лента што се вклопува околу главата на носителот, создавајќи простор за циркулација на воздух.
Денес, најголемиот центар за производство на нгоб се наоѓа во округот Банг Пахан во покраината Пра Након Си Ајутхаја, каде што е добро познат производ во многу села. Шапките од Банг Пахан се продаваат низ целата земја. Сепак, постепено се намалува нивната употреба, бидејќи традиционалните земјоделски методи се заменетуваат со технологија.
Обликот на тајландската шапка бил инспирација за дизајнот на павилјонот на Тајланд на Експо 2015 во Милано.
Наводи
Категорија:Капи