Замара е јакна од овчо кожа што ја носеле баскиските овчари. Во 1830-тите, Едвард Бел Стивенс силно им препорачал на посетителите на шпанскиот баскиски регион да ја купат замарата, која ја опишал како изработена од црн андалузиски астрахан обложен со бела овча кожа. Била препорачана како идеална патна јакна, д се употребува и на топлина и на студ, и многу водоотпорна.
Химерот, кој се носел и како одежда, е тесно поврзан со замарата, од која еволуирал во текот на средниот век.
Сличен капут се користи во Алентехо, јужна Португалија, и се нарекува самара. Изработен е од волна, со крзнена јака, а вообичаените бои се кафеава, темно сина или црна.
Поврзано
Симар
Наводи
Категорија:Баскиска култура Категорија:Крзно