мини|Кајтачки текстил Кајтачки текстил — невообичаена везена текстилна уметничка форма од Кајтагскиот Реон, во југоисточен Дагестан, Русија, населена главно од Даргини и Кумици. Текстилите од Кајтаг се од едноставна конструкција, поставени и извезени сосвила и конец на памучна подлога. Дизајните често се во стилот на класичната сафавидска персиска уметност, понекогаш илустрирајќи коњаници и сцени од лов. Апстрактните дизајни на Кајтаг се споредуваат со оние на Матис и Паул Кле, иако е малку веројатно дека некој од уметниците некогаш видел текстил од Кајтаг. Преживеаните примери се претежно од 17 и 18 век. Овие везови очигледно биле направени за локална употреба на свадби, погреби и за украси за лулка.

Наводи

Литература Текстилна галерија (Лондон), 1996год, Текстилна уметност на Кавказот, каталог на изложби, приватно печатен. Примарен извор.

Надворешни врски Галерија на текстил од Кајтаг Везови од Кајтаг, текстилна уметност од Дагестан, музејска изложба 2007 Дагестански Кајтаг везови -- и Анри Матис?

Категорија:Дагестан Категорија:Везење Категорија:Руски ракотворби