мини|350x350пкс|Типичен традиционален тебриски „тепих Афшан“, Музеј на теписи во Азербејџан мини|350x350пкс|Тебриски стил „Ловен тепих“, Музеј Полди Пецоли мини|350x350пкс|„Тепих Ардабил“ во стилот на Тебрис, Музеј Викторија и Алберт мини|415x415пкс|Тебриски стил „Тепих Фархад и Ширин“, Национален музеј на историјата на Азербејџан мини|414x414пкс|„Животински тепих“ во стилот на Тебриз, Музеј Викторија и Алберт Тебриски тепих или килим ― вид во општата категорија на персиски теписи од градот Тебриз, главниот град на покраината Источен Азербејџан во северозападен Иран. Тој е еден од најстарите центри за ткаење теписи и произведува огромна разновидност на различни видови теписи. Асортиманот започнува со пазарски квалитет од 24 раџи (број на јазли на 7 см од ширината на тепихот) и па сè до неверојатно фините 110 раџи. Раџ е единица за густина на јазли. Тој ја покажува цврстината на тепихот, која се базира на бројот на конци што се користат за основата на тепихот. Материјалите за конците обично се направени од памук или свила, кои се користат за изработка на многу фини теписи.

Во Тебриз постои една од најразновидните изложби на дизајни, од медалјони, Херати/Махи, до фигуративни, сликовни, па дури и теписи во 3Д облик.

Главните производители во Тебриз денес се: Алабаф од Тебриз, Галибафи Насаџи Тебриз и браќата Мири.

Градот, Тебриз е голем и светски познат центар за изработка на теписи во Иран и во светот. Тој одиграл значајна улога во развојот на богатите традиции на декоративната и применетата уметност во светот.

Уметноста во изработаката на теписите во Тебриз го достигнала својот зенит во XII-XVI век. Околу 200 ремек-дела на Тебриската школа од класичниот или „златниот“ период од XIV век се карактеризираат со хармонично спојување на уметноста на минијатурно сликарство и уметноста на ткаење, со високо ниво на занаетчиство демонстрирано од уметниците и ткајачите на теписи.

Тебриското училиште може да се подели на 2 подгрупи: Тебриз и Ардабил.

Тебриз Тука се изработувале различни видови теписи, вклучувајќи теписи со влакно и рамно ткаење, со едноставен и сложен состав. Уметноста за изработка на теписи се пренесувала од генерација на генерација и се сметала за најценето наследство. Традиционалните теми за теписите од Тебриз се орнаменталните шари, со следните доминантни бои на позадината: крем, црвена или темно сина. Најтипични за оваа школа се теписите и килимите групирани под заедничкото име „Лачак турањ“. Во средината на централното поле напретставува симбол на Месечината, а шарата формирана од пастили со забести листови на рабовите ги симболизира лушпите на рибите, кои се издигаат на површината на водата на полноќ за да се восхитуваат на одразот на Месечината. Потеклото на оваа композиција датира од 9-ти до 10-ти век. Честопати темите за теписите во Тебриз се црпат од делата на големите ориентални поети. Теписите често прикажуваат сцени на соколарство или слики на свиреп лав. Добро познати се и сликите од теписите во Тебриз со слики од фрагменти од палати и џамии и сцени од битки. Честопати, при создавањето на украсните шари, ткајачите на теписи биле инспирирани од рачно насликаните корици на антички книги.

Херис Името на овие теписи е поврзано со селото Херис или Херез, кое се наоѓа североисточно од Тебриз. Стилската декорација на теписите „Херис“ е доста необична. Композицијата и вообичаените форми на деталите се создадени врз основа на композицијата „„Флексибилен Турањ“, композицијата е формирана од лиснати криво-линеарни шари. Меѓутоа, со текот на времето, шарите на оваа композиција станале испрекинати и создале независни шари на теписите. Нормално, тепихот бил ткаен по паметење, без употреба на скица. Тоа не е изненадувачки бидејќи од почетокот на 16 век до денес, занаетчиите во Херис традиционално изработувале само ваков вид на теписи, и совршено добро го познавале неговиот дизајн и шари. Жителите на Херис се познати и по производство на теписи со рамно ткаење како паласи и килими.

Дрвја или дрво на животот Дезените во нивниот состав е тој што им го дал името на овие теписи, а не местото на производство. Во други делови на Иран, овие теписи се широко познати под името „Дерахти“, во Авганистан „Баги“ и во Азербејџан „Агајли“. Композицијата на централното дел на тепихот „Агајли“ се состои главно од едно или повеќе дрвја и грмушки, во ретки случаи - група дрвја. Дрвјата се со различен изглед. Во античко време ваквите композиции на мотиви на теписите се базирале на некои легендарни настани, љубовни сцени, митолошки, а понекогаш дури и религиозни и фанатични заплети. Жалната врба била симбол на љубовта, дабот бил симбол на сила и храброст, а калинката персонифицирала изобилство и среќа. Овој тип на дизајн се користи во Кум, Тебриз, Исфахан, Кашан.

Теписи со теми Иако теписите со апстрактни шари очигледно преовладуваат во изработката, имало и тематски теписи. Најстариот од нив го споменува Низами, извонредниот ирански поет од 12 век, чие дело послужило како неисцрпен извор на инспирација не само за бројни минијатурни сликари, туку и за уметноста на изработка на теписи. Еден од најстарите тематски теписи бил сасанидскиот тепих наречен „Зимистан“ (Зима), кој бил земен од Арапите како трофеј по уништувањето на Сасанидската Империја. Спротивно на неговото име, се вели дека овој тепих прикажува пролетни пејзажи. Се викал „Зима“ затоа што бил поставен во палатата во текот на зимата, а неговите живописни шари го осветлувале зимскиот ентериер со раскошните бои на градините и цутните полиња. Можеби Хосров Парвиз, сасанидскиот крал, се присетувал на пролетта кога го гледал во овој тепих во зима. Годишните времиња се најомилените теми за теписи. Нормално, тие ја формираат позадината за познатите ориентални градби, вклучувајќи тврдини, палати, џамии, храмови - природата цвета и венее, но камењата остануваат недопрени... Хосрау, Фархад, Ширин, Бахрам Гор, Александар III Македонски, Лејла и Меџнун - овие ликови создадени од Фирдуси, Низами и Физули, како и сцени од нивните песни, често се прикажани на теписите, чиј стил ве потсетува на минијатурите на сликарите од прославената школа Тебриз која цветала во времето на Сефавидското Царство. Темите што се изработувале на теписите биле засновани на различни теми, од кои најомилени биле оние за лов на животни, литературни заплети и религиозни теми.

Примери на теписите од Тебриз:

Наводи

Категорија:Иранска култура Категорија:Митологија Категорија:Персиски ракотворби Категорија:Теписи