Националниот музеј на ракотворби и рачни разбои (NHHM), уште познат и како Национален музеј на занаети со местоположба во Њу Делхи, претставува еден од најголемите музеи на занаети во Индија. Неговата работа е под надзор од Министерството за текстил и Владата на Индија. Музејот се наоѓа во близина на Прагати Мајдан, поточно во комплексот Пурана Кила. Во 2015 година, Владата на Индија објавила дека во просториите на музејот планирале да основаат Академија за ракотворби Хаскала, на тој начин што некои галерии ќе ги претвориле во училници. Првичните реновирања уништиле еден од најпознатите артефакти на музејот, соба со мурали насликани од уметникот Мадхубани Ганга Деви, што довело до широки критики. Од 2019 г. реновирањата се уште се во тек. Историја лево|мини|Теракотна фигура на Ајанар во светилиште, кој е машко божество чувар на селото. Музејот на занаети бил основан во 1956 година од страна веќе непостоечкиот Одбор за ракотворби на цела Индија. Бил основан во период од 30 години, со почеток од 1950-тите и 60-тите години, со помош на напорите на Камаладеви Чатопадјај, кога областа била замислена како етнографски простор каде што занаетчии од различни делови на Индија доаѓале да работат со цел да зачуваат разни традиционални уметности и занаети. До 1980-тите години, музејот веќе имал значителна колекција, а со текот на времето музејскиот простор постепено еволуирал и се трансформирал во она што е сега. мини|Област на селскиот комплекс, Музеј на занаети, Њу Делхи мини|Влез за галериите на Музејот на занаети мини|Мишел Обама во Националниот музеј на занаети, Делхи, 2010 година. Денес, музејот поседува над 35.000 ретки и препознатливи парчиња преку кои се одразува континуираната традиција на индиските занаетчии со помош на сликарство, везот, текстил, разни занаети од глина, камен и дрво, сите сместени во зграда дизајнирана помеѓу 1975 и 1990 година од страна на архитектот Чарлс Кореа, инкорпорирајќи го традиционалниот архитектонски речник во модерен дизајн.

Преглед Различни галерии во рамките на музејот вклучуваат Галерија за племенски и рурални занаети, Галерија за дворски занаети, Галерија за текстил и Галерија за популарна култура. Некои од неговите ценети колекции вклучуваат 250-300 години стара колекција Бута од Карнатака, ретки кашмирски „душали“ стари 300 години, марамчиња од Чамба, познати по нивниот уникатен вез, ретки брокатни и балучари сари, вез од Куч, накит од скапоцени метали и многу повеќе. Музејот е популарен по исцрпната колекција на текстил. Музејот, исто така, содржи селски комплекс простиран на 20,000 м2 , со 15 структури што претставуваат селски живеалишта, дворови и светилишта од различни држави на Индија, со изложени предмети од секојдневниот живот. Целиот селски комплекс е остаток од привремена изложба на тема рурална Индија, одржана во 1972 година. Денес неколку традиционални занаетчии кои престојуваат во музејот, можат да се видат како работат во одредена област во рамките на музејскиот комплекс, кои исто така ги продаваат и ракотворбите што ги создаваат.

Освен колекцијата, музејот располага со истражувачки и документациски објекти, референтна библиотека, лабораторија за конзервација, фото лабораторија и аудиториум. Отворен е од 9:30 до 17:00 часот, освен понеделник. До него може да се влезе преку метро станицата Прагати Мајдан во Делхи.

Реновирање и уништување на фреска Во 2015 година, Владата на Индија објавила дека планира да создаде нова Академија за Хаскала (ракотворби) која ќе вршела обука на занаетчии во кампусот на Музејот на занаети, така што постојните галерии ќе биле претворени во училници. Реновирањето започнало во 2015 година. Службеник од Министерството за текстил дал гаранција дека основањето на академијата немало да резултирала со затворање на музејот, ниту со нарушување на музејските галерии или експонати. И покрај ова, во 2015 година, реновирањата во музејот уништиле рачно насликани мурали од уметникот добитник на наградата Падма-Шри, Ганга Деви.

Во 1990-тите, Музејот на занаети ја ангажирал познатата уметница воедно и добитничка на наградата „Падма Шри“, Ганга Деви, со цел да ги насликала внатрешните ѕидови на една соба користејќи го традиционалниот стил на уметност Мадубани. Проектот бил завршен во период од шест месеца и бил спроведен додека Ганга Деви престојувала во Музејот на занаети, истовремено се лекувала од рак. Сето ова се случувало една година пред нејзината смрт. Нејзиното дело создало традиционален кохбар гар во стилот на Митила, или брачна соба, која била украсена со мурали. Тоа бил единствениот пример за „целосен иконографски приказ на кохбар гарот на Митила“ во кој било музеј.

Во 2015 година, Музејот на занаети бил реновиран, а ѕидовите кои биле насликани од Ганга Деви, целосно ги варосале притоа уништувајќи ги рачно насликаните мурали. Наводно, ова го направиле со цел да ја поправат штетата на ѕидовите. Реновирањето резултирало со критики од администрацијата на музејот, особено од страна на кураторите кои неодамна го посетиле музејот и не можеле да потврдат значителна штета освен мали оштетувања. Конзерваторката Лаила Тјабџи го изразила ставот дека муралите можеле да се реставрираат, но не биле направени никакви напори за да се направи тоа. Службеник на музејот бил цитиран додека го истакнувал своето мислење кое гласело: „...не грижете се, ќе направиме уште еден“ како одговор за уништените мурали.

Во 2019 година, Министерството за текстил на Индија објавило дека ќе има и понатамошни реновирања на истиот музеј со цел да се обезбедиле простори за настава.

Зграда

Галерии мини|Изложба во Музејот на занаети во Њу Делхи Дел од колекциите на овој музеј се изложени во неговите галерии, како: Галерија на скулптури „Бута“, Племенска и народна уметност, Галерија на ритуални занаети, Галерија на дворски занаети и текстил. Селскиот комплекс, исто така, има отворени ѕидови по должината на ходниците и ходниците кои се користат како платно за прикажување на сликаните традиции на неколку племиња народни занаетчии. Голем дел од народни уметници од различни држави го посетуваат овој музеј со цел да сликаат на неговите ѕидовите.

Слики

Галерија со скулптури во Бута

Галерија на ритуални занаети

Галерија на дворско занаетчиство

Галерија на текстил

Изложби Регионални изложби на ракотворби: Ги прикажуваат уникатните и традиционалните ракотворби специфични за различни држави и региони во Индија. Посетителите имаат можност да бидат сведоци на разновидноста во стиловите, техниките и материјалите што се користат при изработката на разни артефакти. Изложби на рачен разбој : Овие изложби се фокусираат на традиционалните рачно ткаени текстили и ткаенини од различни делови на Индија. Тие ги истакнуваат сложените техники на ткаење, дизајните и културното значење на производите од рачен разбој. Тематски изложби: Музејот организира тематски изложби кои се вртат околу специфични теми како што се фестивали, културни практики или историски периоди. Овие изложби даваат подлабок увид во културниот и историскиот контекст на изложените артефакти. Изложби на современи занаети: Некои изложби прикажуваат современи толкувања на традиционалните занаети, демонстрирајќи како занаетчиите вклучуваат модерни елементи во нивната работа, а воедно ги зачувуваат традиционалните техники. Изложби на занаетчии: Музејот може да биде домаќин на изложби на кои се претставени индивидуални занаетчии или групи, обезбедувајќи им платформа да ги прикажат своите исклучителни вештини и креации. Образовни изложби: Музејот организира и изложби со образовен фокус, со цел да се подигне свеста за традиционалните занаети, важноста на зачувувањето на културното наследство и улогата на ракотворбите во одржливиот развој.

мини|Изложба на камили во Привремената галерија

Поврзано

Текстилна индустрија во Индија

Наводи

Надворешни врски

Веб-страница на Националниот музеј за занаети Архитектонска студија на зградата на Националниот музеј на занаети (1975–90) Распоред на музејот Музеј на занаети во Културниот институт на Google Категорија:Индиски ракотворби