Марк Едусеи (роден на 29 октомври 1976 година, во Кумаси) е гански поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Клупска кариера Кариерата ја започнал во екипата Кинг Фајсал Бејбис во својата родна Гана, а потоа настапувал во Саудиска Арабија за Ал Ахли и во Израел за Хапоел Петах Тиква.

Во 1996 година, Едусеи се преселил во Италија, каде бил доведен од , која го предала на . Во првата сезона со Лече, тој одиграл 12 натпревари и постигнал 1 гол во Серија Б, помагајќи му на клубот да избори промоција во Серија А за следната сезона. Сепак, откако во врвната дивизија не добил шанса, тој заминал на позајмица во Леирија со која изборил промоција освојувајќи ја титулата во португалската втора лига. Во сезоната 1998-1999 се вратил во Лече играјќи во Серија Б, а потоа бил проследен на нови позајмици, по вторпат во Леирија и во швајцарската, Белинцона.

Во периодот од 2001 до 2003 година, Едусеи го носел дресот на екипата на Козенца, играјќи стандардно во Серија Б. Во 2003 година, тој бил купен од , која веднаш го позајмила на ,Rosa 2003-2004 storiapiacenza1919.it од каде по една неубедлива сезона се вратил во Џенова. На 22 септември 2004, дебитирал со Сампдорија во Серија А, во натпреварот загубен со 0-3 на домашен терен од Јувентус. Својот прв гол во Серија А го постигнал во победата со 3-0 над неговиот поранешен клуб Лече. По 22 настапи и еден гол во својата прва сезона во Серија А, тој се вратил во Серија Б на нова позајмица, овојпат во со кој одново изборил промоција во Серија А.

Во 2006 година, Едусеи потпишал за ,UFFICIALE: Edusei al Catania tuttomercatoweb.com каде одиграл 58 натпревари во Серија А комбинирано во своите први две сезони поминати во клубот. Во сезоната 2008-2009, тој бил изоставен од составот поради технички причини од тренерот Валтер Ѕенга, по што Едусеи отишол во на 14 јануари 2009.

На 8 декември 2009 година, тој се вратил во Белинцона, каде ја завршил својата кариера во 2011 година.

Репрезентативна кариера За ганската репрезентација, Едусеи одиграл 17 натпревари во периодот 1995-2004. Со репрезентацијата учествувал на Африканскиот куп на нации 2000.

Хронологија на репрезентативните настапи

Наводи

Надворешни врски

Марк Едусеи на transfermarkt Марк Едусеи на tuttocalciatori Марк Едусеи на espn Марк Едусеи на worldfootball

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1976 година Категорија:Гански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери на ФК Лече Категорија:Фудбалери на ФК Белинцона Категорија:Фудбалери на ФК Козенца Категорија:Фудбалери на ФК Сампдорија Категорија:Фудбалери на ФК Пјаченца Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Катанија Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери во Серија А