Луканка — бугарски (понекогаш зачинет) колбас, единствен за бугарската кујна. Слична е на суџукот, но често има посилен вкус. Луканката е полусушена, има сплескан валчест облик и кафеавоцрвена внатрешност во кора која нормално е покриена со бела габа. Мешавината од мали парчиња месо и маст ѝ дава на внатрешноста зрнеста структура.
Традиционално, луканката се прави од свинско и/или јунешко месо и зачини (црн пипер, ким, сол). Месото ситно се сече и се полни во парче сушено говедско црево како обвивка. По полнењето, валчестиот колбас се суши околу 40 до 50 дена на добро проветрено место. Во процесот на сушење, колбасот се пресува за да го добие својот типичен сплескан облик. Луканката обично се сече тенко и се служи ладна како предјадење или стартер.
Квалитетот на вкусот на луканката зависат од природните одлики на подрачјето во кое се произведува и се образуваат под влијание на типичната микрофлора на месната географска средина. Во Бугарија постојат неколку области добро познати по производство на луканка. Повеќето од нив се наоѓаат во Средна Бугарија, во подножјето на Стара Планина, особено областите Смјадово, Панаѓуриште и Карлово. „Карловска луканка“ е име заштитено на месно ниво од страна на Патентниот завод на Република Бугарија за луканка од Карловската Област. „Луканка панаѓурска“ од Панаѓуриште добила ознака за гарантирани традиционални специјалитети во ЕУ и Велика Британија.
Поврзано Луканица Луканико
Наводи
Категорија:Бугарска кујна Категорија:Колбаси