Пет ноќи кај Фреди 2 () — американски натприроден филм на ужасите во режија на Ема Тами, снимен по сценарио на Скот Котон. Филмот е продолжение на остварувањето од 2023 г., Пет ноќи кај Фреди, а како основно вдахновение за дејството служи серијалот видеоигри на Котон. Во главните улоги се појавуваат Џош Хачерсон, Пајпер Рубио, Елизабет Лејл, Фреди Картер, Теодус Крејн, Вејн Најт, Макена Грејс, Скит Улрих и Метју Лилард.

Уште во август 2018 г., Котон изјавил дека доколку првиот филм доживее успех, можно е да се сними продолжение засновано на настаните од втората игра. Хачерсон го најавил развојот на вториот дел во јануари 2024 г., а продукциската куќа Blumhouse Productions официјално ја потврдила веста три месеци подоцна. Снимањето на филмот започнало во ноември 2024 г., а завршило во февруари 2025 г.

Кинопремиерата на филмот се одржала на 5 декември 2025 г. во САД, а во Македонија на 4 декември истата година.

Содржина Една година по натприродниот кошмар во Пицеријата на Фреди Фазбер, Аби бега од дома за повторно да се сретне со своите анимитронички пријатели. Притоа, таа ги открива мрачните тајни за вистинското потекло на ресторанот и ослободува ужас што бил сокриен со децении.

Улоги

| Џош Хачерсон | Мајк Шмит |- | Елизабет Лејл | Ванеса Шели |- | Пајпер Рубио | Аби Шмит |- | Фреди Картер | Мајкл Афтон |- | Теодус Крејн | Џеремаја |- | Вејн Најт | господин Берг |- | Тео Брионес | Алекс |- | Макена Грејс | Лиса |- | Скит Улрих | Хенри Емили |- | Метју Лилард | Вилијам Афтон |- | Одри Лин Мари | Шарлот Емили |- | Дејвид Ендру Калвило | Роб

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2025 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови на Universal Pictures __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__