Чели (, Монопигадо; до 1928 г. Τσελή, Цели или Τσεγίδες, Цегидес) — село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Седес на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 180 жители (2021).
Географија и местоположба Селото е сместено во северозападниот дел на Халкдичкиот Полуостров, околу 35 км југоисточно од градот Солун и 2 км источно од Доганџи, на надморска височина од 410 м.
Историја Во XIX век Чели било турско село во Солунската Каза на Солунскиот Санџак.
По Балканските војни во 1913 г. Чели е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор.. Таа година селото броело 29 жители, кои во 1920 г. се накачиле на 74 лица.
Во 1924 г. сите жители се иселени во Турција по сила на Лозанскиот договор. На нивно место се населиле 29 бегалски семејства (вкупно 98 бегалци) од Понд и Тракија, така што селото станало бегалска населба. Меѓу доселениците имало и извесен број Каракачани.
Во 1928 година, името на селото било променето во Монопигадо (Μονοπήγαδο).
Стопанство Населението произведува тутун, жито, грозје и други земјоделски производи, а бидејќи селото е полупланинско со погодни услови за сточарење, делумно е развиено и сточарството.
Население
Општествени установи
Поранешно основно училиште
Самоуправа и политика Селото припаѓа на општинската единица Царево Село со седиште во истоимената населба, која припаѓа на поголемата општина Седес, во округот Солун. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Доганџи, во кој влегува и истоименото село.
Наводи
Категорија:Седес