мини|Кроење јакна по мерка Кроење по мерка — изработка на облека според мерките на поединечниот купувач, од страна на кројач. Облеката по мерка е целосно уникатна и создадена без употреба на претходно постоечки шаблон, додека пак, а може да користи и шаблон со стандардна големина изменет за да одговара на клиентот.
Преглед За да нарача облека по мерка, прво клиентот се консултира со кројачот. Тогаш се избираат ткаенини, подлоги и детали за стилизирање. Потоа кројачот го мери клиентот, со цел да нацрта модел од нула врз основа на индивидуалните мерки. Ткаенината и подлогата се цртаат со креда, се сечат со ножици, што му овозможува да ја состави облеката за кроење. За време на пробата, се поправаат некои детали. После тоа, кројачот ја завршува облеката и му ја дава на клиентот. Обично се прават 2-3 проби.
Дополнителна литература
Категорија:Конфекциска индустрија Категорија:Модно творештво Категорија:Шиење