мини|„Предачот“ од Вилијам-Адолф Бугеро прикажува жена како рачно преде со помош на вретено. Влакната што треба да се предат се врзани за фуrка што ја држи во левата рака.
Предaчки занает — древна текстилна уметност во која растителни, животински или синтетички влакна се извлекуваат и се вртат заедно за да формираат преѓа. Илјадници години, влакната се пределе рачно со употреба на едноставни алатки, вретено и фурка. По воведувањето на роданот во 13 век, бројот на индивидуални предачи драматично се зголемил. Масовното производство подоцна се појавило во 18 век со почетокот на Индустриската револуција. Рачното предење и денес е популарен занает.
Карактеристиките на предената преѓа варираат во зависност од употребениот материјал, должината и распоредот на влакната, количеството на употребени влакна и степенот на извиткување.
Историја
лево|мини|345x345пкс|„Жена што преде“ од Теодор Жак Рали, околу 1890 година, прикажува жена што преде рачно во мало село. Потеклото на предењето влакна за производство на конец или преѓа е изгубено во времето, но археолошките докази во форма на готови здолништа од конец, датираат од ерата на доцниот палеолит, пред околу 20.000 години. Исто така, неодамна е откриена плишана врвка предена од неандерталците, која датира од пред 41.000-52.000 години. Во најраниот вид предење, прамени од животинска коса или растителни влакна се тркалаат со рака по бутот, а дополнителни прамени се додаваат по потреба, додека да се постигне саканата должина на преденото влакно. Напредна техника на ваков вид предење на нога, додека истовремено се плетат две единечни влакна, сè уште се користи денес во неколку култури. Постои практика на предење на бутови, влакното може да се прицврсти на камен кој се врти додека преѓата не се извитка доволно, по што се намотува на каменот и процесот се повторува одново и одново.
Следниот метод на предење преѓа е со вретено, прав стап долг дваесет до триесет сантиметри, на кој се намотува преѓата по извиткувањето. На почетокот, стапот имал пукнатина или расцеп на врвот во кој се фиксирал конецот. Подоцна, на горниот крај се додавала кука од коска. Со десната рака влакната се извлекуваат, а вртеното се врти на цврста подлога. Потоа извитканата преѓа се намотува на горниот дел од вретеното. Се извлекува уште еден сноп влакна, вретеното повторно се врти, преѓата се намотува на вретеното..
Вретено што содржи одредено количество преѓа ротира полесно и постабилно од празното. Следното подобрување е смислено поради ова, а тоа е додавање на прстен или сферичен предмет, наречен прешлен наместен на долниот дел на вретеното за да ја зголеми и одржува брзина на вртење на истото.Barber, Women's Work, 42–45.
Индустриска револуција мини|Машина за предење во фабриката „Квори Бенк“, Велика Британија Предењето на моторен погон, првично се вршел со вода или пареа, но сега се изведува на електрична енергија, и е многу побрзо од рачното предење.
Предечката шипка, тркало со повеќе калеми измислено околу 1764 година од Џејмс Харгривс, драматично го намалило обемот на работа потребна за производство на преѓа со висока конзистентност, при што еден работник можел да работи осум или повеќе калеми одеднаш. Приближно во исто време, Ричард Аркрајт и тим занаетчии ја развиле рамката за предење, која произведувала поцврста нишка од предечката шипка. Преголема за рачно ракување, рамката за предење напојувана од водено тркало станала водена рамка.
Во 1779 година, Семјуел Кромптон ги комбинирал елементите од предечката шипка и водената рамка за да ја создаде предечката машина. Ова произвело поцврст конец и било погодно за механизација на големи размери. Подоцнежен развој, од 1828 - 1829 година, било прстенестото предење.
Во 20 век, биле измислени нови техники, вклучувајќи предење со отворен крај или предење со ротор, за да се произведат предива со брзина поголема од 40 метри во секунда.
Современо рачно предење мини|Непалска чарка во акција
Рачното предење е сè уште важна вештина во многу традиционални општества, како и кај нас. Хобисти или мали занаетчии предачи предат своја преѓа за да контролираат специфични квалитети на преѓата и да произведуваат преѓа што не е комерцијално достапна.Barber, Women's Work, 42–45.
Влакното може да се обои во секое време, но често се бои пред кардирање или откако преѓата ќе биде предена.
Волната може да се преде пред или по перењето, иако прекумерните количества на ланолин може да го отежнат предењето, особено кога се користи вретено. Невнимателното перење може да предизвика филцување. Кога се прави пред предењето, ова често води до неупотребливи волнени влакна. При перењето на волната, клучно нешто што треба да се избегне е премногу мешање и брзи промени на температурата од топло на ладно. Општо земено, перењето се врши бран по бран во топла вода со сапун за миење садови.
Галерија
Поврзано Плетење Разбој Ткаење
Наводи
Надворешни врски Директориум на еснафи за предење – Меѓународен список на еснафи за предење. Spin Artiste – Онлајн публикација фокусирана на изработка и употреба на рачно предена преѓа. Музеј на предиво – Онлајн галерија што промовира рачно предено предиво. „Што ја прави рачно предената преѓа посебна?“ – Весник во кој се дискутира за рачно предена преѓа.
Категорија:Занаети