Црква Св. Архангел — археолошко наоѓалиште во прилепското село Крушевица. Претставува осамен наод од римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во селската црква „Св. Архангел Михаил“.

Опис

Во самата црква се наоѓа дел од мермерно столпче со елипсовиден пресек, а во дворот делумно оштетена надгробна стела од мермер, со релјефна претстава на жена и дете.

Поврзано Бабо — населба и некропола од римско време; Градиште — збег од доцноантичко време; Грамаѓе — населба од римско време; До Селото — некропола од римско време; Каве — населба и некропола од хеленистичко и римско време; Манастир Св. Недела — сакрален објект од старохристијанско време; Падарница — тумул од железно време; Страгата — тумул од железно време; Црквиште — сакрален објект од старохристијанско време; Испраен Камен — тумул од железното време и римска стела; Ковчезите — населба од бронзеното време; Падиште — тумул од железното време; Скапците — тумул од железното време; Таламбасица — тумул од бронзеното и античкото време; Три Дабици — тумул од бронзеното време; Широк Пат — тумул од железното време; Крушевица; Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Крушевица (Прилепско)